Книжевно творештвоМузика и уметност

Не бој се Менкетен

иф ју кен мејкит хија, ју кен мејкит евривеја...

Везилка Магазин

Радејце Пупеска, прими далечни поздраф от твоја Коцка Докурческа. Еве ја решиф понабрзо пак да ти се јава, овајпат колку да те информисам дека није моментно сме заминати на холидеј. Толку годиње от ко сме дојдени у Лосанџелисоф ама ич нигде не сме мрднале, само на работа оди и дома седи, јади и тиви и муви пули.

Зато решифме да појме у Њујорк, у то местото Менкетен шо се велит – да ги видиме Емпаја Стејц билдинг, Централ паркчето, ќипот на Либерти и уше ногу други таквимити рабоќе шо се атракшонс от свецка позната важнос. Демек прави туристи се напрајфме и у најс хотел се сместифме, одма на Брозвеј стрит залепени мори несто. Доста му ги чистеф прашињето на Холивут, си рекоф ко стапнафме у Њујорк.

Али ете, Радејце, мене не ми било писано тука со лесно да си поминам; не знам како се деси та уше от прф ден не ми тргна на најарно. У хотелот не ми се погоди сместуњето; едно влегвање, ми се затна клозетот. Пуштаф воѓе али никако да го турнам таквото. Дали от то шо беф ногу узбуѓена та ко брик ми се беше запекло поганото и не мрдат; а можит и водата менкетенцка ќе да немаше доволно притисак. Му вела на Ставрета да појт хаш-хаш откаршија у Централ паркчето, да пресечит една гранка подебела за да ја турниме поганијата. Али ти го зел госпот паметот, ми велит тој. Кај се сечело така мори стјупит жено, тука сместа ќе ме затворат, не сме кај нас у планињено. Се испокарафме со чојкот, најгрди зборој си рекофме. Туку ај тој после со ногарката от столот некако го разбуричка поганото и го турнафме по цефка, ама после от стинкојната не мојфме да се куртулиме изи.

Ставре пенџер не сакат да отворит. Ми велит, не знајш кој ќе ти влезит, некоја фаќен улера лопофска можит дуот да ти го пукнит и да те покрадит. Згора на то ми испцу све до треќо колено и страф ме фати пак да одам понадвор. Се искомплекцаф, мори несто златна, се искомплекцаф.

После то два дни се виткаф, ама на треќијот не мојф појќе да додржам и го бувнаф порано на сабајле. Ставре уше не беше станат. Си рекоф овојпат белки госпот ќе ми хелпат и со една посилна вода ќе си го земит поганото. Ами како, Радејце, ко душманот да го испраќаш по цефките, така си мислеф ко напињаф. Жива вода се испотиф. Али ѓаолот пак реши душата да ми ја вадит: таквото овајпат ко камен се беше напрајло, ни пет кофи вода не го туркат туку уше појќе го цементират. Ами чаре, мори несто златна, ами чаре, си рекоф. Не сакаф пак со ногарката от столот да буричкам, Ставрета мој да го будам. Зато со усул го нацрпиф поганото у една пластична ќеса и решиф да го диспозам у некоја гарбич канта.

У хотелот не сакаф да ја фрлам ќесата оти на секоје ќоше имаше сеќурити камери поставено. На Ставрета то ич не му је по ќефот, да не мојш газот да си го почешаш, све се снимат мори, ко блади биг-брада ријалити шоу да се прајт. Гут морнинг, ме поздрави чупето на ресепшон. Ја нотинк не пулам туку квикли бегам со ќесата аутсајд. Срчам така овде-онде али гарбич канта нигде, мори несто златна, нигде. Шо пален стрит беше овај си рекоф.

Су одела спроти ветрот така едно петнајс минути по Брозвејот, надолу кон даунтаун – гарбич канта не пулам. Тогај ми текна оти ова сигурно је вака онадено от ко се деси таја облади-облада со онај Осаматенијон бинладенцки арапцки, пушка го рушила магарето теористичко. Ова вака појќе не ја бидујт, шо сакат нека бидит, си рекоф и ја остајф ќесата прет билдингот на Мадам Тушо, (онаја восочните селебритис шо ги прајт) и квикли се замешав у пиполсите, демек ко нишо да не било. Ами да знајш оти еден ногу офишал младич одма ме фати под мишка, ме тргат и ми викат по енглиш – лејди, ќесава је ваша, плис. Ја у земја да пропаднам, само тенкју му реков, (за стреќа мувите уше не беја излезени).

Радејце, после пробаф истото да го напрам у Тајм Сквер али таму уше поголема беља ме снајде, еден полисмен почна да ме пратит. Саспичос му се видоф, мори несто златна, саспичос. Чојкот у чекор ме пратит. Можит си помисли и ја су теориска. Сигурно си рече у ќеса имам нешо ко бумба. Бумбар на капа да му се посерит, за малку ќе ме уапцеше. Мораф сместа такци да ваќам, от такцират мој да побегнам. Али ќесата пак со мене, и у такцито не мојф да ја остам. Такцистот не ме пушти ни три чекори да напрам кога еве ти го трчат по мене со ќесето поганото. Мис, плис, ќесава ја форгетафте. Видоф-невидоф и нему тенкју му рекоф.

После ко се свртеф пулам дека су се нашла прет Емпаја Стејц билдинг и ми се чинит оти сите ми се пулат; си мислат којзнајт шо кријам у ќесата и чудо ќе напрам: знајш какви чибу-чиба паничависти се пиполсиве америчќи ко ќе се заплашат. Радејце, мори несто златна, веќе не знајф шо да прам, безмалу у бунило беф падната. Туку благодарење на то шо су свецка женцка инстиктот за сурвајвал ме спаси.

Дискрецно се замешаф со туристите и го ватиф патот за до врвот на Емпајата. Али пред да се фкачам у лифтот ме вати еден од сеќуритатето за безбеднос. Ми велит: тетко, дај ваму ќесата за цканирање. Тука није све цканираме, ми велит. Еда, шо ќе ми цканираш мене мајче, му вела, нишо опасно немам ја. Нешо за јадење си носам у ќесево и толку. Ај бегај, ми велит тој от ко ми ја испофати и не му се виде саспичос. Фалати господе златен шо реши да ми поможиш, се прекстиф и сместа го ватиф лифтот до врвот.

А на врвот на Емпаја игла немат кај да врлиш од народија свецка, сите само сликат одозгора. Ко се добраф до оградата ја заџидалиф удолу поганијата моја и викнаф колку шо ме држит гласот: НЕ БОЈ СЕ МЕНКЕТЕН!

Е, тогај ногу ми олесна, ко камен од срце да ми падна. Се спасиф, мори несто златна, се спасиф. После постојф така импресана од преубата глетка, го популиф градот от вишината и прет ручек си се вратиф. Ставре мој уше не беше излезен, го слушнаф како по негојто тропат со столот у клозет. Стинкојна пак ја исполнујше собата. Маки сме пателе али другите неколку дни се извештифме – ко ќе ни дојше квикли претрчујфме у Централ паркчето. Немало нишо послатко од одење понадвор у то убо место. Само клекнујш таму дискрецно у бушот и се олеснујш, другијот стража ти чуват. Се вардефме од полисмени и уживафме у природата америчка.

На последното клечење го видоф Вуди Ален, си го шеташе кучиштето, то пустинцкото го довлечка чојкот право на мене. Ко му светнаф со газот на Вудита тој само подзина и рече, Џизас Крајс. Тогај ја ко праф туриста му го опалиф блицот. У другото писмо ќе ти ја пратам негојта сапрајзана слика.

Радејце, ја засега толку имаф да пишвам, ногу поздраф имаш от твоја Коцка Докурческа и от Ставре мој. Мислам да није тука успејафме: иф ју кен мејкит хија, ју кен мејкит евривеја – Њујок, Њујок… така велит една најс песма испејна од покојни Френќи, можит и вије сте ја чуле таму. Ај со здравје.

Владо Јаневски
(краток расказ)

Везилка Магазин