ЛичноНутриционизам

Нутриционизам: “Како до контрола на храната за време на празниците”

Везилка Магазин

 

Почнува период на празници! Секогаш сум ги сакала , особено нашите празнични трпези за Нова Година, Бадник…

Тоа се денови кога се собираме со пријателите и семејството и по цели денови дегустираме вкусно мезе, уживаме во празничните коктели, вклучуваме вино со вечерата и готвиме повеќекратни оброци, кои често вклучуваат пити и слични традиционални јадења . 

Имајќи предвид дека голем процент од луѓето ја зголемуваат телесната тежина во овој период, почувствував потреба оваа колумна да ја посветам на тоа како да се храниме, или поточно како да се контролираме, за време на празниците . 

 

 

Што се случува со нашето тело?

Една од најголемите функции на нашиот стомак е да лачи хлороводородна киселина за да започне со дигестивниот процес и да ги убие бактериите додека храната се движи низ дигестивниот систем. Колку повеќе јадете – толку повеќе произведувате киселина.

Обилните оброци го забавуваат варењето и храната поминува повеќе време во обработка. Тоа предизвикува чувство на гасови и надуеност што често ја имате после обилен оброк.

Доколку конзумирате многу јаглехидрати или шеќер, ослободувате вишок количини на хормон инсулин и добивате енергија. Вашето тело смета дека не ви е потребна целата енергија како гориво и почнува да складира поголем дел од неа како маснотии.  Ако додадете и алкохол, најверојатно нема да имате мирен сон цела ноќ.

 

 

Кога ќе се разбудите наутро, гладувате бидејќи вашиот панкреас работи прекувремено за да ја процесира целата храна и пијалок. Не се исклучува можноста да имате главоболка, тешкотии во концентрацијата или замор. Што можете да направите за да се избегне зголемување на тежината за празниците? 

„Само кажи НЕ“ е вообичаена стратегија.

Но тоа за мене и не баш е вистинската стратегија. Во тој момент можеби е подобро да не се ограничуваме радикално, бидејќи генерално и не можеме. Затоа, јадете во храната што ја уживате и уживајте во моментот.

Сепак посветете внимание на она со што ја полните вашата чинија. Бидете свесни за големиот број калории во алкохолот. 

 

 

Контрола на порциите 

 

Започнете со земање мали порции и внимателно уживајте во она што ви е во чинијата. 

Оставете простор помеѓу главното јадење и десертот, кој треба  да биде во разумна количина. 

Размислете пред да пиете. Едно пиво може да има 175 калории, чаша вино околу 160 калории. Едноставно, пијте полека и одберете ниско калорични пијалоци.

Добивањето доволно одмор е клучно за целокупното здравје и за вашата способност да одржувате здрава тежина. 

 

 

Пред да студирам здравје и исхрана, пред навистина да се грижам за тоа што е во моето тело, јас бев кралица на прејадувањето. Не знаев дека ПРИЧИНАТА е што ми беше тешко да практикувам контрола на порциите. Ајде да се соочиме со тоа, ослободете се од тој стрес за време на празниците.

ПРАВИЛОТО 80/20 е клучот за одржување на здрава тежина.

ЗОШТО? Давајќи си дозвола да јадете (без оглед на изборот) за време на празниците, ќе откриете дека ќе бидете многу посреќни, ќе се чувствувате помалку стресни, повеќе ќе уживате во празниците и на крајот веројатно ќе откриете дека стравот оти нема да ве најаде малата количина храна – исчезнал. 

 

Златното правило гласи:

Јадете умерено и не се прејадувајте, истовремено не заборавајте и да се хидрирате и внесувате доволно течности. 

Уживајте во празниците!

 

 

Марија Соколоска е нитруционист и специјалист за диети за жени, која веќе 11 години живее и работи во Лондон.  Основач е на MSWeightlossClinic  и со својата програма Eat the rainbow им помага на илјадници жени во борбата со килограмите. Има диплома за петти степен на напреден нутриционизам специјализиран само за жени, а посетувала и повеќе курсеви каде се здобила со соодветни сертификати. 

 

Везилка Магазин

Напишете коментар