„Ако продолжам вака ќе накачам уште 5 килограми, а постојано се чуствивам гладна и секогаш дури и од досадна посегнувам по храна.“
„Не можам сега да вежбам, затворени се фитнес центрите и затоа накачувам килограми.“
„Што и да каснам, се’ ми се лепи на мене.“
Ова се само дел од изјавите на многу жени насекаде низ светот, кои за време на пандемијата се одлучија за понездрави варијанти на храна и ја зголемија телесната тежина.
Полека без паника !
Да почнеме од почеток …
Прво, најголемиот причинител за зголемување на телесната тежина кај жената од сите мои анализи и статистики за време на оваа пандемија е СТРЕСОТ.
И додека го читате ова сигурно си помислувате: Да го тоа знаеме тоа, но како да се справиме со проблемот?
Пред да почнам со решението да дадам мало објаснување и да се надоврзам и појаснам како функционира целиот наш организам и како да се ослободиме од стресот.
,,Кортизолот е хормон кој му помага на телото да одговори на стресот. Понекогаш се нарекува и „хормон на стрес“, бидејќи нивото на кортизол скокнува во телото кога има ситуација со висок стрес, а со тоа на телото му дава природен енергетски поттик.
Кортизолот, хормон на стрес ослободен од надбубрежните жлезди, се зголемува како одговор на закана. Кога веќе нема закана, нивото на кортизол се враќа во нормала.
Сепак, ако стресот е секогаш присутен, може да почувствувате преголема изложеност на кортизол, а со тоа се создава проблем бидејќи кортизолот го зголемува апетитот.
Што е и причината зошто толку многу жени, кога се под стрес, уживаат во џанк- фуд.
Исто така, малку познат факт е дека метаболизмот станува многу побавен кога телото е под стрес, а од друга страна пак, се зголемува нивото на инсулин.
Ризиците од стрес и зголемување на телесната тежина
Депресија, висок крвен притисок, несоница, срцеви заболувања, анксиозност и зголемена тежина се поврзани со акумулиран хроничен стрес.
Сепак, да ја погледнеме и позитивната страна за да видиме дека ова може да се реши!
Во нашиот организам освен кортизолот постои и хормонот серотонин.
Серотонинот е хормон кој работи како невротрансмитер. Познат е и како среќна хемија, бидејќи се чини дека игра важна улога во регулирањето на расположението, па согласно тоа, ниските нивоа на серотонин во мозокот се поврзани со менталното здравје.
Покрај мозокот, серотонинот е вклучен во функцијата на неколку различни органски системи. Тој помага во регулирање на апетитот, варењето на храната, здравјето на коските и сексот. Серотонинот е исто така претходник на мелатонин, хемија вклучена во циклусот на спиење и будење на организмот.
Како невротрансмитер, серотонинот се произведува во мозокот. Но, научниците сега откриваат дека цревата, поточно цревните бактерии што се наоѓаат во нив, исто така создаваат серотонин, што укажува на важната улога на серотонинот и во здравјето на цревата.
За да го намалиме хормонот кортизол, треба да го стимулираме хормонот серотонин и така ќе го решиме најголемиот дел од проблемот.
Серотонинот не се наоѓа во храната, но затоа како негов претходник го имаме триптофанот, кој е есенцијална аминокиселина која е важна во производството на серотонин. Аминокиселините се градежни блокови на протеините.
Научниците докажаа дека триптофанот во исхраната е поврзан со нивото на серотонин во мозокот, па со мали количини на диетален триптофан предизвикуваме пад на нивото на серотонин во мозокот !
Каде да го најдеме триптофанот ?
Риба лосос
Пилешко
Јајца
Ореви и семиња
Храна од соја
Сирење
Морски алги
Спанак
Ананас , киви , банана , слива ….
Некои студии предлагаат дека јадењето храна богата со триптофан може да го зголеми нивото на серотонин во мозокот и да помогне во лекувањето на симптомите на депресија.
Специјално за Везилка би ви предложила еден прекрасен рецепт за смути, кој ќе ви помогне во стимулирање на серотонин во периодите кога најмногу ни треба, како сега.
Состојки:
Ананас , банана , киви , кокосово млеко бадеми
1 чаша исецкан ананас на коцки
½ банана
1 кива
200 мл кокосово млеко
6 бадеми
Малку ванила екстрат
Време на подготовка 10 мин.
За крај сакам да додадам дека сето ова ќе помине, а ние треба да се обидеме да ја гледаме ситуацијава и од позитивен аспект, а тоа е дека можеби и ни треба едно будење на сите нас, сознание дека ништо не е поважно од нашето здравје !!!
Како се храниме така се чуствуваме !!!
Марија Соколоска е нитруционист и специјалист за диети за жени, која веќе 11 години живее и работи во Лондон. Основач е на MSWeightlossClinic и со својата програма Eat the rainbow им помага на илјадници жени во борбата со килограмите. Има диплома за петти степен на напреден нутриционизам специјализиран само за жени, а посетувала и повеќе курсеви каде се здобила со соодветни сертификати.