ЛичноНутриционизам

Нутриционизам: „Отстапување од здрава храна и чувството на вина“

Везилка Магазин

Повик 9.40 понеделник – „МАРИЈА имавме слава, направив отстапка од мени!“ БЕЗ ПАНИКА ЖЕНИ ♥️

 

Правилото 80/20, што е тоа и како да се примени?

 

Правилото 80-20, исто така познато како Парето принцип, е афоризам кој тврди дека 80% од резултатите произлегуваат од 20% од сите причини (или влезови) за кој било даден настан.

Правилото може да го примените на многу аспекти од вашиот живот – јас го користам, исто така, и кај сите мои клиентки како основа за поставување на целите.

Така што, фокусирајте се на тоа како да го користите правилото .

 

Водејќи се од ова правило луѓето можат да ја достигнат својата посакувана телесна тежина.

 

Општо е познато дека лишувањето од сите задоволства и слатки е едноставно неодржливо и истовремено може да создаде и нездрава врска со храната. Балансирањето е клучот на успехот . Доколку правите мали исклучоци, ќе се одржите ментално и што е најважно – ќе продолжите!

Вреди да се напомене дека ова не е „диета“ или „алатка за слабеење“. 80/20 е пристап кон здрава исхрана што ве учи на рамнотежа, умереност и уживање, без чувство на вина.

 

 

Основната идеја за правилото 80/20 е многу едноставна. За да бидете здрави и избалансирани не мора секогаш да правите 100% здрав избор на храна. 80% е доволно. Останатите 20% можете да изберете помалку здрава храна и да се контролирате сами.

80% од времето готвам од нула со свежи состојки – сакам да го правам поради тоа како ме прави да се чувствувам. Нивото на енергија е постабилно, побрзо закрепнувам после тренинг и го сакам внимателниот процес на готвење.

20% од времето пијам и јадам исклучоци како чоколадни десерти и најдобриот сладолед што можам да го најдам!

Ова го пишувам бидејќи личното искуство и искуството на мојата работа, докажа дека менталната издржливост во еден процес на губење на телесна тежина – е најважна.

Од друга страна, го избегнуваме и ризикот од еден поголем проблем, а тоа е нарушувањето во исхраната.

Со големите рестрикции придонесуваме и чувството на вина дека сме стигнале до точка на прејадување или дека не сме можеле да ја достигнеме нашата замислена цел .

Еве неколку кратки совети како да не се чувствуваме виновни доколку во чинијата ни дошло, или сме посегнале, по нешто што го сакаме.

 

 

Првиот чекор кон ставање крај на чувството на вина и срам после јадење е да си дозволите да јадете храна за која ја чувствувате таа вина. Дајте си дозвола! Многу пати, самата помислата дека храната е „лоша“ или „нездрава“ ќе предизвика да никнат тие чувства на вина.

 

Како да престанете да чувствувате вина после јадење?

 

Знам дека ова е тешко, па затоа навистина препорачувам да работите со храната која најмногу ја сакате и да јадете од неа. За почеток, изберете само еден производ. Можеби тоа е леб, чипс, чоколадо и слично. Јас, исто така, препорачувам да започнете со храна за која чувствувате дека ќе биде полесна, наспроти онаа за која мислите дека ќе биде супер тешка.

Ова е начинот на кој работам со моите клиенти во моите тренерски програми и им овозможува да добијат мотивација, динамика и го минимизираат тоа „Ах, ова е толку тешко!“ чувство што само ве тера да сакате да се вратите во вашата зона на удобност според правилата за храна.  ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ВИНОВНИ ПО ЈАДЕЊЕ.

Добро, си дозволи да јадеш храна, но што ПОСЛЕ? Вина, паника и вознемиреност? Само продолжете и следете го правилото 80/20.

Користете го ова правило, а до колку ви треба ментално водство или некаков совет – тука сум јас, ќе застанам до вас.

 

Марија Соколоска е нутруционист и специјалист за диети за жени, која веќе 11 години живее и работи во Лондон.  Основач е на MSWeightlossClinic  и со својата програма Eat the rainbow им помага на илјадници жени во борбата со килограмите. Има диплома за петти степен на напреден нутриционизам специјализиран само за жени, а посетувала и повеќе курсеви каде се здобила со соодветни сертификати. 

Везилка Магазин

Напишете коментар