Интервјуа

Од Драгош до Мелбурн (втор дел): „Брат и сестри“ (1963)

Животот низ лични белешки на Виолета (Лета) Ламбески, Македонка од Мелбурн

Лета (бебето) со сестрата и братот, 1963 година
Везилка Магазин

Село Драгош (битолско), 1963 година.

Нивниот татко ги бакна и ги прегрна сите тројца – неговите две ќерки, најстарата – саканата првородена, сега петгодишна, шестмесечното бебе (јас) и неговото убаво, црномуресто тригодишно момче со зелени очи. Ги прегрна, со сето свое срце и душа и се приврати назад за да ги погледне повторно нив и нивната мајка, неговата невеста, за последен пат, зошто толку многу ги сакаше…

Ги напушти за да дојде во Австралија… се качи на бродот со тешко срце и солзи што му паѓаа по образите. „Со еден куфер“ и шест недели пловење низ немирни мориња, за на крај да стапне на австралиските брегови, сега блиску до неговиот најмил и многу сакан најстар брат…

Од лево: татко ѝ Душан, стрина ѝ Трајаница, братучеда ѝ Вера и стрико ѝ Трајан, на Душан братот. Џилонг, 1963 година

За 28-годишниот татко ”домот” сега беше Џилонг и една и пол година работеше напорно во фабрика за да заштеди пари..до крајот на 1964 година, тој успеа да ги донесе „дома“ својата сакана сопруга и деца, да бидат заедно со него…конечно, неговото семејство……

….Во меѓувреме, 1964 година, во Драгош, мајка и нејзините деца се спремаа за испраќај…

„Стрејќен пат“ им посакаа родителите, баба, браќа и сестри, роднини и соселани. Мајка беше особено вознемирена што ја напушта својата сакана баба, која ја израсна. Но, баба ја уверуваше „Да си одиш кај мажо!“ … „Не плачи за мене!“. Мајка плачеше, ја гушкаше баба, плачеше повеќе…се збогуваше и од сопствената силна Мајка, не можеше да престане да плаче ….. нејзината мајка, со смирувачки зборови ѝ рече: „Одими, одими со здравје, те чека Душан“.

Братот и сестрите беа прегрнувани, бакнувани, штипени по образите…. со пари тутнувани во нивните мали раце и со зборови на љубов, беа испратени во туѓина.

Мајка плачеше и за последен пат погледна зад себе …. плачеше за нејзиниот дом, плачеше за своето семејство, нејзиното село, дури и за нејзината мачка…. плачеше за своето детство, нејзините преживеани маки…плачеше кога нејзиниот строг драг татко, со солзи кои му течеа по неговото лице, ѝ рече ”Кај одиш Олга ?? ….. Ти така, со три деца?!”

Со сила, љубов, вера и желба за авантура му одговори ”Тате…одам кај Душан!”

Продолжува…

 

Првиот дел можете да го прочитате тука.

 

За авторот: Виолета (Лета) Ламбески е 58-годишна Македонка, мајка на 5 деца кои заедно живеат тивок и скромен живот во западните населби на Мелбурн. За време на пандемијата и затворањето на државата, имала многу време да размислува за животот, па се фатила себеси како се присеќава на своето детство, живот, семејство, пријателите и начинот на којшто порано се живееше.

Започнала да прави белешки од своите мемоари. Со охрабрување и поддршка од нејзините деца, семејство, пријатели и двајца драги господа – Живан Рендев и Вангел Патеров („Култура и историја на Македонија“), го напишала и го објавила својот прв напис „Невестата и младоженецот“. Реакциите од читателите биле толку трогателни, одекнувајќи во здив со нејзината приказна, што дополнително ја инспирирало да продолжи да ја пишува својата животна приказна низ лични белешки.

Везилка Магазин

Напишете коментар