Мила Мајка, Мама…
Сакајте ја оваа жена, кажете ѝ, покажете ѝ, бакнувајте ѝ ги образите, рацете, почитувајте ја, изразете ја својата лојалност, љубезност, обидете се да ја разберете, дури и кога не знаете како. Таа е вашиот најголем и најсилен поддржувач, а вие, вие сте рожницата во окото нејзино.

Нејзините намери се секогаш добри, таа не знае како да ти наштети…никогаш! Ќе те храни, ќе стави храна на маса, ќе се среди за тебе, ќе биде исцрпена, но сепак , ќе стори сé што треба. Не ѝ се лути ако се намурти или викне, веројатно е само исплашена, не лута. Дозволи ѝ да ти дава насоки, таа ќе ти го покаже начинот и вистинскиот пат, и ако некогаш се изгубиш, ќе биде твојата светлина.

Мајка, мама, мајче…нарекувај ја како ќе посакаш. Оваа жена е Таа од чие тело, срце и душа потекнуваш. Девет месеци те носеше тебе, нејзиното Дете, во целото свое битие. Таа го чувствуваше твоето нежно удирање, ангелското отчукување на срцето веднаш до нејзиното. Таа го почувствува внатре во себе секое мало движење, од секој твој екстремитет. Како убав, нежен и фин гоблен, конците на вашите битија се испреплетени заедно.

Со часови е во породилни болки, се бори, оптоварена со неподнослива и неопислива болка. Повеќето ќе родат со помош на бабица или доктор, други не. Во моментот кога бебето е подготвено да се роди, во таа просторија, во тој убав момент, има три духа… Мајка, Дете и Бог!
Мајка знае инстинктивно, откако ќе се роди бебето, дека тоа е чудо, подарок од самиот творец. Ти…детето ставено во нејзините раце. Од нејзиното срце и душа моментално се излеваат љубов, радост, благодарност и среќа. Чисто блаженство и посветеност. Мајка и дете, обете опкружени со воздухот на Божествената благодат, со солзи кои течат како восклик за новиот почеток.

Постои жестока поврзаност помеѓу лавицата и нејзиниот младунче. Оваа врска е генетска, духовна, физичка, природна, дадена од Бога и никогаш не завршува…безвременска….вечна.
Моја мила Мајка….Мама….
Крај.
Првиот дел можете да го прочитате тука.
Вториот дел можете да го прочитате тука.
Третиот дел можете да го прочитате тука.
Четвртиот дел можете да го прочитате тука.
Петтиот дел можете да го прочитате тука.
Шестиот дел можете да го прочитате тука.
Седмиот дел можете да го прочитате тука.
Осмиот дел можете да го прочитате тука.
За авторот: Виолета (Лета) Ламбески е 58-годишна Македонка, мајка на 5 деца кои заедно живеат тивок и скромен живот во западните населби на Мелбурн. За време на пандемијата и затворањето на државата, имала многу време да размислува за животот, па се фатила себеси како се присеќава на своето детство, живот, семејство, пријателите и начинот на којшто порано се живееше.
Започнала да прави белешки од своите мемоари. Со охрабрување и поддршка од нејзините деца, семејство, пријатели и двајца драги господа – Живан Рендев и Вангел Патеров („Култура и историја на Македонија“), го напишала и го објавила својот прв напис „Невестата и младоженецот“. Реакциите од читателите биле толку трогателни, одекнувајќи во здив со нејзината приказна, што дополнително ја инспирирало да продолжи да ја пишува својата животна приказна низ лични белешки.