Стари крај, Македонија…22 години подоцна, се враќам на местото на моето раѓање….. Возбуда, исчекување, радост, авантура и романтично чувство ми ги исполнуваат умот, срцето и душата! Во сета моја искреност, морам да признаам дека беше присутен и страв….страв дека патот од аеродромот до Битола може да заврши во катастрофа. О Боже Господе, воланот на автомобилот е на спротивната страна! Уффф Македонците во Македонија возат од спротивната страна на патот, за разлика од нас, Македонците во Австралија!
Сè што можам да видам се автомобили и камиони кои доаѓаат накај нас, кон фичото на мојот драг вујко!! Леле !! Ја кријам главата во мојот скут, во апсолутен ужас, плашејќи се за нашите животи…за мојот живот! Фала му на Бога, вујче имаше целосна контрола над автомобилот, па безбедно пристигнавме во Битола.
Во раѓањето на моето прво прекрасно битолско летно утро, се обидувам да ја впијам околината. Погледот, звуците и мирисите, иако различни, некако утешно ме прегрнуваат и ми даваат чувство на блискост. Аромата на кафето што го подготвува вујна во ѓезве е толку прекрасно…црно кафе! До сега имав пиено само инстант кафе….веднаш се чувствувам многу космополитски.
Се облекувам, ставам кармин, излегувам на улиците и започнувам со истражување на мојата убава Битола.

Воодушевена сум, мислам дека скоро и да сум заљубена! Корзо, Широк Сокак, пешачките патеки со калдрма, сцени излезени како од романтичен роман. Сите прекрасни кафулиња, старите продавници, „Јавор“ стоковната куќа, накит, сувенири и продавници за плочи! Слушам прекрасна музика како свири во воздухот. Локалните жители весело се движат кон своето викендашко уживање на утринското кафе…
Боже, колку е ова прекрасно! Слаткарници, тулумби, локуми насекаде, едноставно морам да купам, да пробам! Се топат во мојата уста…прекрасно вкусни! Гледам бутка и купив разгледници и марки, за да можам да им испратам на моето семејство и пријателите. Знам дека сите ќе бидат многу импресионирани!
Ја преминувам реката Драгор, преку чудниот мал мост. Колку убаво саботно утро, во моите 22-годишни очи оваа атмосфера е толку волшебно единствена…таков стил, толку шик, каква слобода, чувствувам дека припаѓам, како да сум била таму целиот живот, а јас сум милиони километри далеку од животот што го знам, во прекрасниот мал Џилонг….
Одеднаш, ме одзема паника…ох, кутрата јас! Го изгубив чувството за насока и не можам, да ме убиеш, да се сетам во кој правец е станот на мојот вујче!!
Продолжува…
Првиот дел можете да го прочитате тука.
Вториот дел можете да го прочитате тука.
Третиот дел можете да го прочитате тука.
Четвртиот дел можете да го прочитате тука.
Петтиот дел можете да го прочитате тука.
Шестиот дел можете да го прочитате тука.
За авторот: Виолета (Лета) Ламбески е 58-годишна Македонка, мајка на 5 деца кои заедно живеат тивок и скромен живот во западните населби на Мелбурн. За време на пандемијата и затворањето на државата, имала многу време да размислува за животот, па се фатила себеси како се присеќава на своето детство, живот, семејство, пријателите и начинот на којшто порано се живееше.
Започнала да прави белешки од своите мемоари. Со охрабрување и поддршка од нејзините деца, семејство, пријатели и двајца драги господа – Живан Рендев и Вангел Патеров („Култура и историја на Македонија“), го напишала и го објавила својот прв напис „Невестата и младоженецот“. Реакциите од читателите биле толку трогателни, одекнувајќи во здив со нејзината приказна, што дополнително ја инспирирало да продолжи да ја пишува својата животна приказна низ лични белешки.