Со секое прекрасно, среќно, убаво сеќавање од детството, со секое сонце бакнато, безгрижно, убаво и невино … доаѓа и темна, тажна, меланхолична, сурова спротивност.
Животот беше борба за нас младите…..постојано се обидувавме да се вклопиме во две општества, да бидеме и да дадеме сѐ од себе на сите нивоа, жонглирајќи во нашите светови. Иако ние младите не разбиравме во тоа време, нашите родители имаа толку многу свои проблеми и приватни битки, за кои ние појма немавме сè додека не станавме возрасни и самите. Справување со толку многу аспекти секојдневно… работа, дом, семејство, финансии, здравствени проблеми, за некои, болести, страдања, загуби и смрт!
Во моето сеќавање има толку многу загуби, тага и трагедии….изгубивме многу убави души во нашата заедница. Некои од нив беа стари, но многу беа и млади…некои умреа во трагични сообраќајни несреќи, некои со тешки болести, а некои така одеднаш, нагло и шокантно заминаа, оставајќи семејства крајно уништени и погодени од тага.
Како побогу се справија родителите со загубата на дете? Или младиот сопруг кој ја изгуби сопругата? Или жена сопругот? Кога мали деца остануваа сирачиња, по смртта на нивната најсакана мајка? Вдовци, вдовици, сирачиња… млади убави луѓе, тукутака ги снемуваше, губејќи го животот што требаше толку многу да им понуди! Такви трагедии, такви рани што за многумина сè уште крварат, а можеби никогаш нема ни да заздрават или опорават….
Заминување од најблиските, без никаква радост, а сепак, овие силни и прекрасни семејства продолжуваа да се борат секојдневно, одржувајќи еден каков таков „нормален“ живот… работејќи и борејќи се да ги одржат заедно и животот и семејствата.
Се сеќавам дека ги слушав зборовите „Живите со живите!“, „Умрените со умрените!“ и се мислев – зборови на сочувство или утеха? Можеби ни едно ни друго, но беа толку болни, болно вистинити. Сите овие трагични спомени од детството, од прекрасните „поминати“ души и нивните прекрасни семејства кои ги оставија позади себе, а ги сакаа и сè уште ги сакаат, се врежани во моето срце и ум…
Малку ли знаев во тоа време, дека овие детски спомени биле лекции, од кои во мојот возрасен живот требаше да влечам сила…..
Продолжува…
Првиот дел можете да го прочитате тука.
Вториот дел можете да го прочитате тука.
Третиот дел можете да го прочитате тука.
Четвртиот дел можете да го прочитате тука.
Петтиот дел можете да го прочитате тука.
Шестиот дел можете да го прочитате тука.
За авторот: Виолета (Лета) Ламбески е 58-годишна Македонка, мајка на 5 деца кои заедно живеат тивок и скромен живот во западните населби на Мелбурн. За време на пандемијата и затворањето на државата, имала многу време да размислува за животот, па се фатила себеси како се присеќава на своето детство, живот, семејство, пријателите и начинот на којшто порано се живееше.
Започнала да прави белешки од своите мемоари. Со охрабрување и поддршка од нејзините деца, семејство, пријатели и двајца драги господа – Живан Рендев и Вангел Патеров („Култура и историја на Македонија“), го напишала и го објавила својот прв напис „Невестата и младоженецот“. Реакциите од читателите биле толку трогателни, одекнувајќи во здив со нејзината приказна, што дополнително ја инспирирало да продолжи да ја пишува својата животна приказна низ лични белешки.