Имајќи предвид колку е застарена, непрактична и целосно неефективна процедурата за вадење нов македонски пасош за државјаните на Македонија кои живеат надвор од земјата, започната е онлајн петиција до владата на РМ од страна на Хелена Роза, која во моментов живее во Нов Зеланд, а повеќе од 1200 лица (до 3 март) веќе ја имаат потпишано.
За сите кои не се запознаени со оваа постапка: Екипи со фотограф и „кутија“ (лаптоп) патуваат низ светот и ги фотографираат апликантите, кои најчесто аплицирале 6 месеци претходно. Кога екипата ќе се врати во Скопје, врз основа на податоците се изработува пасошот и со следната тура за фотографирање се враќа во соодветната држава за лично подигнување. Што најчесто е повеќе од 6 месеци.
Ова прашање во моментов засега многу наши Македонци низ светот, кои покрај сите проблеми што произлегоа од пандемијата, немањето официјален документ за идентификација за регулирање на своите визи и престој само им додава на секојдневната мака.
Од името на сите Македонци, било сега или во минатото засегнати, би ве замолиле да ја потпишете и споделите оваа петиција за да стигне до местото каде треба, како почетен чекор во борбата за промени.
Петиција
*************************************************************************