НастаниСвет

Отворена изложбата „Траги и сеќавања“ на македонски уметници во Мелбурн, Австралија

Везилка Магазин

Траги и сеќавања
Галерија Кунихан во Бранзвик
Мелбурн, Австралија
13 ноември – 12 декември, 2021

 

Дарко Алексовски, Сашо Станојковиќ, Марјан Стојковски и Виолета Чаповска

Кураторка: проф. др. Сузана Милевска

 

Изложбата „Траги и сеќавања“ опфаќа различни уметнички позиции кои се занимаваат со тешките прашања за различните видливи траги од минатото и дискутираат за вкрстувањата помеѓу личните и колективните сеќавања. Делата ги разгледуваат сеќавањата на личните и историските настани и ги преиспитуваат начините на кои микронаративите ги инкорпорираат остатоците од општествено-политичките турбуленции и промени.

 

Фабрики, 2014 година – Дарко Алексовски

Проектот Фабрики е серија од петнаесет постери со големи размери, боја по бројки, кои се замислени како партиципативни дела. Тие ја покануваат и вклучуваат публиката повторно да ги замисли и рекреира сликите на овие злогласни и заборавени мошти и „споменици“ од неодамнешното социјалистичко минато. Овој проект е мој личен придонес кон потребата да се подигне свеста за тешките социо-економски услови во кои моментално се наоѓа мојот град Велес по долгата транзиција и постсоцијалистичката приватизација на фабриките и другиот заеднички имот.

 

Знак на снегот, Land Print Project II, 1996 – Виолета Чаповска

Проектите на трилогијата Land-Print ги вклучуваат делата специфични за локацијата Мало езеро (1994), Јас и окото (1996) и Сол (2018). Овој долгорочен проект ја претставува мојата ефемерна уметничка практика на оддалечената локација на Малото Езеро, Националниот парк Пелистер, Македонија, на надморска височина од 2.180 метри. Ги истражува идеите за идентитетот, возвишениот и еколошкиот интегритет на ова конкретно глацијално езеро. Во ова дело користев предмети и материјали добиени од различни јавни и приватни културно-историски локалитети во Македонија и Австралија, како пустински песок, сол, огледало, цинкови чинии и стаклено шише.

 

Архива на шарената граѓанска непослушност, 2018 – Сашо Станојковиќ

Делата што ги презентирам се дел од мојот тековен проект „Диберативно културно наследство“ кој се однесува на итноста на партиципативната и делиберативната концептуализација на културното наследство и го разгледува ова прашање во контекст на неодамнешните дебати за заедничко познавање на културните ресурси.

Трансфер на одговорност (2018, Мобилна галерија, Скопје) беше првата изложба од овој проект. Се состоеше од шарени и дискурзивни архиви на остатоците од протестите во 2016 година во Македонија, наречени Шарена револуција. На пример, вклучуваше психогеографска карта на видливите траги и невидливи сеќавања на интервенциите со бојадисување на новоизградените згради и споменици кои неодамна беа прогласени за споменици на културното наследство, видео со десет изјави на учесниците на протестите кои беа поканети да одговорат на прашањето Што остана од Шарената револуција? и официјална петиција. Оваа петиција беше циркуларно писмо со кое барав од надлежните институции и трагите од Шарената револуција да ги прогласат за споменици на културното наследство.

На овој линк можете да прочитате повеќе за изложбата и да го преземете дигиталниот каталог.
Везилка Магазин

Напишете коментар