Започнува попишувањето на одредени категории граѓани како вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност во рамки на пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведе од 1 март до 21 април.
Министерството за надворешни работи ќе спроведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство: на работа во ОН и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од страна на Република Македонија врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица.
Овде спаѓаат и сите лица – државјани на Република Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој. Министерството за надворешни работи како одговорно за дијаспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишат онлјан преку веб- страницата на ДЗС. ДКП-та ќе бидат логистичка поддршка.
Самопопишувањето на лицата во странство се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници:
https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx
Самопопишувањето подразбира пополнување на пописна апликација од страна на самото лице кое е единица на попис. Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот. Лицето кое ги дава одговорите за Пописот е должно на сите прашања да даде точни и целосни податоци.
Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март 2021 година во 24:00 часот, односно на полноќ, меѓу 31 март и 01 април 2021 година. На веб-страната на МНР се објавени и телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021.
Подолу се наведени телефонските броеви што ќе функционираат 24 часа и ќе бидат достапни за граѓаните за информации и појаснувања. Според шефот на дипломатијата, веќе се јавуваат граѓани и прашуваат за процедурата. Податоците за нашите државјани во странство што ќе се добијат на пописот, според министерот, ќе бидат одлична можност за планирање на политиките за дијаспората.
075 268 732 (редовна линија, Viber, WhatsApp)
075 268 734 (редовна линија, Viber, WhatsApp)
075 268 745 (редовна линија, Viber, WhatsApp)