Интервјуа

Приказната за Хајди ја живееме секој ден

Интервју со Сузана Кузмановска од Швајцарија

Везилка Магазин

Велат најтешкиот чекор е помислата дека сакаш да го напуштиш својот дом и да заминеш во странство. Кога Сузана го направи овој чекор?

 

Помислата за напуштање на домот беше поодамна…затоа посегнување на чекорот се случи многу подоцна бидејќи воопшто не беше лесно..но на 21 Септември 2018 (точно на празникот раѓањето на Пресвета Богородица) се собравме и без многу да размислуваме..едноставно заминавме. Сопругот неколку месеци предходно веќе беше заминат, најде работа, стан и основни работи во станот, но сосема доволни за почеток.

Приватна архива

 

Што ќе значеше за тебе останување во Скопје, т.е. неможност да заминеш надвор?

 

Да бидам искрена за мене лично..неможноста да заминев можеби ќе беше можност да се остварам во мојата професија (професор) која што ми изгледа дека нема да можам да го направам овде…така да ништо лошо..но сепак иднината на децата е побитна .. се ставив себе си во втор план. Од друга страна и соединувањето на семејството беше во овој случај пресудно, бидејќи сопругот веќе подолго време работеше во Европа, па тоа беше всушност и најголемата причина за овој чекор. На децата им се потребни двајца родители за да се среќни и исполнети. Така да, сега сме комплетни.

Кузмановски – Приватна архива

Зошто баш Швајцарија, како баш Balsthal?

 

Швајцарија..по одлука на сопругот, бидејќи тој има прошетано поголем дел од Европа (затоа што решивме да е Европа) и по некоја негова анализа Швајцарија е политички и економски најстабилна држава (иако беа во опција претходно беа и Германија и Австрија)  и сите заедно одлучивме и се согласивме. А Balsthal по препорака на наши пријатели кои веќе беа претходно дојдени и да бидам искрена не згрешивме, бескрајно сум им благодарна затоа што местово е прекрасно како од бајка..како од приказната за Хајди.

Приватна архива

Секое дете е приказна за себе, а 3 се веќе симфонија. Како им ги презентиравте заминувањето и Швајцарија на децата?

 

Деца како деца затоа што се поприлично мали..сето ова им се чинеше шега..немавме многу проблеми со нив..брзо се интегрираа..е сега им фалат другарчињата од Македонија, да не се лажеме, но социјалните мрежи колку се штетни дотолку се и корисни за да не доближат до најмилите барем виртуелно..кога посакаме.

Кузмановски – приватна архива

Ќерката беше републички првак во танцување . Колку ти беше тешко, како мајка, да и ги прекинеш сите тие медали, дружби и патувања со групата, и да ја однесеш во место каде на прсти се бројат куќите, а наоколу се само зелени полјани?

 

Искрено многу..од Македонија имаме преубави спомени и освоени медаљи, дружења, патувања, пријателства..и среќни сме со сите тие спомени  кои често си ги раскажуваме..но таа тука го продолжи истиот пат..веќе од наредната година тргнува во Спортска академија за талентирани деца така да од тој аспект продолжуваме..веќе и тука т.е во Германија на локален натпревар во голема конкуренција освои 1во место во Модерен балет. Ни претстоеја доста натпревари, но се е во мирување заради ситуацијава која сакаме сите што поскоро да заврши.

Кузмановски – приватна архива

Работиш како шофер за фармацевтска компанија која доставува лекови по аптеки. Дали некогаш си помислувала дека ова би можела да го работиш, и колку тоа те промени, како личност?

 

Да токму така..работам за транспортна фирма која дистрибуира лекови..искрено израсната сум во шоферско семејство (татко,брат, сопруг) гените си го прават своето хахаха во Македонија работев и како организатор на Меѓународен камионски транспорт..мислам дека тоа беше и единственота работа која можам и сакам да ја работам во туѓина кога јазикот не се владее толку добро. Како личност не ме смени воопшто..јас сум секогаш спремна за предизвици и експерименти кога станува збор за работа..освен што изгубив неколку кг и добив на кондиција хахаха.

Приватна архива

Што најмногу сакаш да правиш, а од што бегаш?

 

Сакам да правам се што носи хармонија и радост..да танцуваме да пееме со децата..да готвам..долги прошетки во природа, возење велосипед, да истражуваме нови места и градови во Швајцарија, оти да бидам искрена маѓична е ..има многу што да се види….во принцип сум личност што не бега и сака да се соочува со предизвици, но некогаш принудена сум да заобиколам негативна енергија..едноставно непотребно ме исцрпува.

Приватна архива

 

Ние што сме надвор знаеме како е да си сам, без никаква поддршка. Исто и го знаеме одговорот на „Изнајмете бејбиситерка за 3-4 саати“, ама неволни сме да го објаснуваме нашето (најчесто) НЕ. Дали имате време за романтични моменти со сопругот, покрај трите деца, и како ги организирате?

 

Да! Време се наоѓа..само треба да посакаш, верувај има време за се, така да секој си го добива потребното внимание..сите среќни и весели хахаха

Дали мислиш дека во моментов си во „жртвена“ фаза, како мајка и како сопруга, со оглед на тоа што сте само неколку месеци во Balsthal?

 

Не, воопшто не се чувствувам како жртва, затоа што сум среќна и задоволна од животот овде и начинот на кој го живееме. Нормално дека е потурбулентен со три малолетни деца, си бараат свое внимание,  но тие ја носат забавата.

Приватна архива

Дали и под кои услови би се вратила назад во Скопје?

 

Убаво ми е овде, но да не се лажеме..домот е таму од каде што доаѓаш, што не значи дека имам притисок, мака или носталгија да се вратам. Сега за сега не би се вратила се` додека децата не се оформат во самостојни личности, и да го најдат сопствениот пат во животот. За понатаму, да сме живи и здрави!

Приватна архива
Везилка Магазин