РепортажиСвет

Репортажа од Едрене, Турција: „Туристичка посета на ментална болница од XV век“

Везилка Магазин

Кое е најспецифичното туристичко место што сте го посетиле? Сте помислиле ли некогаш дека туристичкиот водич во агендата ќе стави посета на ментална болница? Така се чувствував и јас, збунето и помислив дека лошо слушнав, но не, и по прашањето да повтори, тој рече дека одиме во посета на ментална болница од XV век.

Сместенa на северниот брег на реката Тунка во Едрене, втората престолнина на Отоманската империја, „Султан Бајазит Втори Кулијеси“ (комплекс) се состои од џамија, табани (куќи за гости), медреса, (медицинско училиште), дарушифа (болница) ), имарет (подрум за супа), аптека и простории за складирање храна.

Главниот центар е дарусифа (болница) и медреса (медицинско училиште). Другите делови бие изградени за да ја завршат болничката служба во социјални, културни, религиозни и финансиски аспекти.

Мостот Бајазид Кан над реката Тунца, бил изграден за поврзување на комплексот со градот. Компексот почнал да се гради во 1484 година, завршен е 1488. Сега е објект заштитен од УНЕСКО.

Медицинско училиште

Овде секој што ќе посакал да учи за отоманската медицина можел да дојде и да учи бесплатно. Немало никаква дискриминација во изборот на студенти. Се пријавувале, добивале соба во интернат, храна, распоред на часови и пракса. Сето тоа било бесплатно!

Во исто време, ова било едно од најпознатите медицински училишта во Турција и пошироко, а кадарот кој што излегувал, најчесто бил употребуван исклучиво за менталната болница.

Болница

Кога пациентите доаѓале во оваа болница, најпрво им била дијагностицирана болеста. Овде биле лекувани пациенти со сериозни ментални нарушувања. Главната терапија била иста за сите, голем просторен двор во кој имало насадено многу рози за чиј мирис се сметало дека им дава посебен мир на луѓето.

Во болницата биле изградени многу фонтани бидејќи во отоманската медицина се сметало дека звукот на водата влијае неверојатно добро на лицата со ментални наарушувања.

Последната иста терапија за сите била живата музика. Професионални музичари секој ден доаѓале и свиреле тивка музика во која пациентите уживале и се лекувале.

Класична терапија како денес, со апчиња и сирупи немало, но студентите и професорите во бројните лаборатории во кругот на комплексот создавале терапија од различни тревки за секакви ментални болести.

Џамија

Голема џамија е дел од овој комплекс. Дел од терапијата на болните било и читање на куранот. Се сметало дека писанијата од оваа книга влијаат позитивно врз пациентите кои имале нарушувања.

Џамијата била отворена и за сите роднини кои доаѓале да ги посетат своите болни. Секој кој што ќе посака, можел да остане три ноќи бесплатно.

Кујна

Голема народна кујна е дел од болницата на Султанот Бајазит. Овде имало бесплатна храна за сите, за студентите, за болните, за учителите и посетителите. Народната кујна била отворена и за бездомниците кои секој ден поминувале на бесплатен оброк.

Во склоп на овој објект имало и перална каде што се одржувале хигиенските потреби на болницата и училиштето.

 

Автор на текстот и фотографиите: Катерина Топалова

 

Везилка Магазин