Кујна

Рецепт: Ачма – турско бело печиво

Рецепт на Бетина Кузевски од блогот „Зготвено со љубов“

Извор: Зготвено со љубов
Везилка Магазин

Сoстојки

  • 1кг. брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 250мл. млака вода
  • 1 лажица шеќер
  • 125мл. зејтин
  • 250мл. млеко
  • 2 белки
  • 1 лажиче сол

За премачкување

  • 2 жолчки
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица вода

Подготовка

Квасецот растворете го во водата и додадете шеќерот. Оставете да запени.

Во длабок сад ставете го брашното, солта, белките, млекото и зејтинот па додадете го квасецот. Замесете тесто. Тестото месете го околу 10тина минути. Треба да добиете фино, еластично тесто кое нема да лепи на рацете. Оформете топка, премачкајте го со малку зејтин, ставете во длабок сад, покријте со крпа и оставете да стасува 30 – 60 минути или додека тестото да го дуплира волуменот. Јас садот го ставам во водена бања, побрзо и поубаво така ми нарастува тестото.

Рерната вклучете ја на 195 степени да се загрева.

Откако стасало, отсекувајте парчиња од тестото со тежина од околу 70гр. Секое парче исукајте го во прачка со должина од околу 15тина см. и завртете ја спирално како сврдел па оформете прстен. Краевите од тестото ставете ги одоздола. Редете во плехови на хартија за печење. Оставете да стасуваат околу половина час.

Жолчките заедно со шеќерот и водата изматете ги со вилушка. Со оваа смеса премачкајте го печивото и одозгора наросете со сусам. Печете 20 минути.

Напомена: Тестото е со неутрален вкус, така да може да се јаде во блага или солена варијанта.

 

*************************************

„Зготвено со љубов“ е блог за готвење позади кој стои Бетина Кузевски, Македонка која живее во Германија и која успешно ги комбинира своите две најголеми страсти – готвењето и фотографијата.

„Зготвено со љубов“ на          Instagram             Facebook

 

Везилка Магазин