Состојки
- 500гр. малини (свежи или замрзнати)
- 3 жолчки
- 200гр. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 200мл. млеко
- 100мл. зејтин
- 250гр. брашно
- 1/2 пециво
Шам од белки
- 5 белки
- 200гр шеќер
Подготовка
Малините измијте ги и оставете да се исцедат. Доколку користите замрзнати малини, оставете од вечер да се одмрзнат и исцедат.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Долгнавеста тава бр.36 (36цм * 22цм) намастете ја со зејтин.
Во длабок сад изматете ги жолчките и шеќерот па постепено, на неколку пати, додадете го млекото. Ставете го зејтинот, добро изматете. На крај, додадете го баршното и пецивото, убаво изматете па смесата истурете ја во тавата за печење. Печете 15 минути.
Извадете ја тавата и одозгора наредете ги малините. Вратете да се пече, овој пат 20-тина минути. За тоа време изматете ги белките со шеќерот во цврст шам. Распоредете го врз малините, зголемете ја температурата на рерната на 200 степени и ставете да се пече околу 10 мин.
Оставете да се излади, па сечете парчиња и послужете.
„Зготвено со љубов“ е блог за готвење позади кој стои Бетина Кузевски, Македонка која живее во Германија и која успешно ги комбинира своите две најголеми страсти – готвењето и фотографијата.