Македонска кујна

Рецепт – „Бурекот на Марта“

Рецепт на Бетина Кузевски од блогот „Зготвено со љубов“

Views
Везилка Магазин

 

Состојки

  • 500гр. кори
  • 250гр. сирење

За попрскување на корите

  • 200мл. газирана вода
  • 100мл. зејтин
  • 1 полна лажица густ јогурт
  • 1/2 лажиче пециво

Подготовка

Сите состојки за попрскување на корите соединете ги.

Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.

Округло тавче бр.26 (може и бр.28) премачкајте го со зејтин.

Наредете најпрвин три кори на кои краевите ќе им бидат надвор од тавчето. Секоја кора напрскајте ја со смесата. Потоа редете уште три кори, но овие згужвајте ги и секоја повторно се напрскува со смесата. Ставете од сирењето врз третата кора.

Повторно редите три згужвани кори, секоја ја напрскувате и ставете врз третата кора сирење. Редете така се додека да се потрошат сите кори. Врз последната кора не се става од сирењето. Затворете го бурекот со краевите од корите кои се надвор од тавчето и премачкајте го со смесата.

Се пече 45 минути.

Добар апетит!

*******************************************

„Зготвено со љубов“ е блог за готвење позади кој стои Бетина Кузевски, Македонка која живее во Германија и која успешно ги комбинира своите две најголеми страсти – готвењето и фотографијата.

Везилка Магазин

Напишете коментар