Кујна

Рецепт: Кубански леб

Везилка Магазин

Ова е најбрзиот рецепт за леб со квасец, oд почеток до крај, ќе потрошите помалку од 2 часа. За брзо ферментирано тесто има неочекувано добар вкус.

5 шољи брашно Тип500

14 гр(2 кесички) сув квасец

1 лажица сол

2 лажици шекер

2 шољи топла вода

Помешајте ги сите состојки и во миксерот месете го тестото на средна брзина 10 мин. додека не стане мазно, еластично и кадифесто. Може да месите и на рака зошто не е лепливо. Оставете да стаса само 15 мин. на топло.

Лесно премесете го, формирајте топка. Попрскајте ја со вода, обилно посипете со сусам и засечете ја површината како крст. Лебот ставете го на хартија за печење во мал плех, па во незагреана рерна на средно ниво.

Во рерната ставете и еден сад со врела вода и вклучете ја рерната на 200Ц. Печете 50 мин. додека не добие убава боја, или додека термометарот за тесто не ви покаже внатрешна температура од 95Ц.

Изладете го лебот на решетка завиткан во сува крпа. Ако сакате поцврста кора, ладете го не завиткан.

Нека не ве загрижуваат кратката прва ферментација, изостанокот на втора ферментација, печењето во незагреана рерна, така треба.

Шољата е од 250 мл.

 

 

Везилка Магазин