КујнаМакедонска кујна

Рецепт: Лисната пита со сирење

Маргарита Радош, блогер за храна од Будимпешта

Везилка Магазин

Margarita food:

Лисната пита со сирење  по рецептот на мајка ми со вкус и мирис од детството. Кога веќе вкусовите и мирисите не можам да си ги купам, засукувам ракави и си ја правам оваа пита или како уште ја нарекуваат Сеченица… Рецептот е од баба ми оригинален, мајка ми често ја правеше, па еве и дојде редот и јас, па здравје Карина на своите деца и така семејната традиција продолжува…

 

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. брашно
  • 3 дл. млака вода
  • 1 јајце
  • 1 лажица сув квасец
  • 1 лажиче сол
  • Маст

 

Фил:
  • 400гр. сирење

ПОДГОТОВКА:

Се замесува тесто со брашното и останатите состојки.Тестото се дели  на 24 топчиња. Секое топче се расукува во облик на тањир округол и се мачка со маст и се составуваат 3 ( едно врз друго) третото (горно не се мачка). Постапката се повторува 8 пати.

Во округол плех намачкан се расукува кора од првите 3. Се прска со маст и дробено сирење. Постапката се повторува и со следните 7 меѓу секое издробено сирење. Питата се сече на коцки и се прска со маст. Се остава да скисне 30 минути. Се пече на 200 степени.

 

**********

Маргарита Радош е адвокат по вокација и страствен вљубеник во готвењето, која веќе 15 години живее и работи во Будимпешта. Таа верува дека најдобар начин да се доближе и запознае народ и неговата култура и традиција, е преку кујната. Заради оваа причина Маргарита си поставила мисија да се доближи до луѓето секаде низ светот, да го доживеат шармот и егзотиката на Балканот, да уживаат во царската монархија, да патуваат со неа и да се чувствуваат како дома секогаш и во секое време кога ќе го посетат нејзиниот блог Margarita Food.

Везилка Магазин