Ова е тој момент кога ни мајка ми не ми верува дека сум ги направила…Сакале верувале или не, ама за Пити Пастрмајлии во Будимпешта не чуле, а камо ли да се купат. И да знаете многу пропуштиле..
Уствари Пита Пастрмајлија ќе му дојде во слободен превод пита или пица. Само наместо салама се става свинско месо. И може и јајце да се стави по желба. Во Македонија се специјалитет и се прават воглавно во Велес, Неготино и Штип. Не постои сезона за нив. Се јадат и во лето и зима.
Денес имаме гости на ручек. Во двор. Унгарци кој не биле во Македонија. Многу ги има такви. Само поминале низ Македонија на пат за Грција. Им се допаѓа многу тоа што го виделе. Знам планините, толку многу ми фалат овде…Се одличив за наш специјалитет да направам и додека ручаме да им раскажувам за убавините на Македонија…Значи се воодушевија.Толку многу им се допаднаа питите што посакаа што поскоро да ја посетат Македонија. Знаев!
СОСТОЈКИ:
- 850гр. брашно
- 500мл млако млеко
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 40гр. свеж квасец
- 1 лажица мед
- 0,75 дл. масло
ФИЛ:
- 750 гр. свинско месо
- Црвен пипер
- Свинска маст
ПОДГОТОВКА:
Квасецот издробете го во сад со млекото, шеќерот и оставете малце да се стопи и стаса. Се додава се друго и на крај брашното. Се меси тестото убаво,рачно или во миксер. Се остава да стаса 1 час.Се размесува и се дели на 4 делови.
Месото најдобро е да се приготви ден предходно. Се сецка на ситни коцкици, се маринира со црвен пипер и малку масло.Се чува во затворен сад во фрижидер.
Секој дел од тестото се расукува во правоаголник и се виткаат краевите како обрач.Се филуваат со месото и на секоја пита се става 1 лажица маст свинска. Се печат на 200 степени додека не заруменат. Се покриваат со крпа или се виткаат во најлон кеса да останат меки.
**********
Маргарита Радош е адвокат по вокација и страствен вљубеник во готвењето, која веќе 15 години живее и работи во Будимпешта. Таа верува дека најдобар начин да се доближе и запознае народ и неговата култура и традиција, е преку кујната. Заради оваа причина Маргарита си поставила мисија да се доближи до луѓето секаде низ светот, да го доживеат шармот и егзотиката на Балканот, да уживаат во царската монархија, да патуваат со неа и да се чувствуваат како дома секогаш и во секое време кога ќе го посетат нејзиниот блог Margarita Food.