КујнаМакедонска кујна

Рецепт: Питулици

Везилка Магазин

Питулици е стар македонски традиционален рецепт кој најчесто е застапен во западниот дел од Македонија, а неизоставен дел од Бадниковата трпеза се посните со лукче питулици. Основата секогаш ја правеле од брашно, сол и вода, а ги печеле на специјална тава од тенок лим наречена “питуличарка” и, се разбира, на шпорет на дрва…

Денес, во недостиг на таква тава, Сузана Аврамоска питулиците ги прилагоди на модерното време. Рецептот по кој таа ги прави е следниот:

Состојки:

1кг брашно

2 јајца

1 мала лажичка сол, малку шеќер и минерална вода да се добие потребната густина како за палачинки.

Постапка:

Се печат и потоа во намрсена тепсија се редат една врз друга, а помеѓу секоја се попрскува врел зејтин и сирење. Последната не се намрсува. Се сечат и се потпекуваат во рерна на 200 степени 20тина мин.

Кога се прави посна варијанта, во смесата не се ставаат јајца, а помеѓу нив се попрскува со толчено лукче.

Везилка Магазин