Состојки
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 1 лажичка ванила екстракт
- 8 лажици гриз
- 4 полни лажици брашно
- 1 пециво
- рендана кора од 1/2 лимон
Шербет
- 600гр. шеќер
- 600мл. вода
- 1 лажица сок од лимон
Подготовка
Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Долгнавеста тава бр. 36, намастете ја и набрашнете ја.
Јајцата, шеќерот и екстрактот од ванила матете ги додека да добиете светло жолта, густа смеса. Додадете ги брашното, гризот и пецивото, измешајте со шпатула или со миксер на најниска брзина. На крај ставете ја и кората од лимон. Ставете да се пече околу 20 минути….направете проба со дрвена чепкалка за да видите дали е печено. Откако се испекло, оставете да се излади.
За шербетот, во тенџере ставете го шеќерот и водата и ставете да се вари прво на највисока температура. Откако ќе зоврие, намалете на средна и варете вкупно 10 минути. После 5 минути варење додадете го сокот од лимон. Откако се сварил, тргнете на страна и оставете да отстои 2-3 минути па налејте ја раванијата со шербетот.
Оставете да олади па поклопете со соодветен сад/тањир или со фолија и ставете во фрижидер да отстои барем 3 часа па послужете.
На здравје!
„Зготвено со љубов“ е блог за готвење позади кој стои Бетина Кузевски, Македонка која живее во Германија и која успешно ги комбинира своите две најголеми страсти – готвењето и фотографијата.