Кога Стефче Стојковски и Драги Спасовски од Извор музик од Сиетл ќе се спојат во еден проект, истиот не може да звучи никако поинаку, освен прекрасно.
Сакајќи да остават печат со македонска песна изведена од неколку македонски и светски имиња – пријатели на македонската музика, двајцата наши музичари се согласиле за „Сокол ми лета високо“, за која Стефче го прави аранжманот, Дејвид Билидес мелографијата, а останатите пријатели на Македонија, откако ги добиле нотите, учествуваат во создавањето на ова прекрасно музичко дело.
Во изведбата на „Сокол ми лета високо“ учествуваа:
Драги Спасовски – вокал
Лорен Броди – вокал
Стефче Стојковски – вокал/тамбура
Теодор Стојковски – тамбура
Ведран Бошковски – кавал
Линзи Полак – кавал
Фабио Реста – кавал
Мило Дестановски Тапан – зурла
Џесика Руиз – зурла
Диего Реста – тамбура
Тамура Јошимичи – тамбура
Дејвид Билидес – тамбура
Концепт – Драги Спасовски
Аранжман – Стефче Стојковски
Мелографија – Дејвид Билидес
Пост-продукција – Дејвид Билидес