Корисни линкови

Светот на Биби – мултимедијален проект за изучување на мајчиниот јазик

Нов свет за децата

Везилка Магазин

„Светот на Биби“ е мултимедијален проект кој преку неколку детски ликови (Биби, Боби, Зази) на децата им помага да учат многу важни работи, да пеат, да играат, да го учат мајчиниот јазик. Приказните за истите можете да ги најдете на нивниот YouTube канал

За својот проект, тие рекоа:

Почитувани родители, ништо не е поважно за човек од тоа да биде сигурен дека неговите деца ќе продолжат по правилниот пат и дека ќе им биде добро, пријатно и безбедно во светот.

Нашата мисија како образовен центар е во промовирање на вредностите и препознавањето на вистинските потреби на децата, да учиме како да живееме добро, како и нашиот обид да се покаже и даде пример дека е потребно сериозно да се инвестира во образованието, особено во наставничката професија, која е заедничка точка на најдобрите образовни системи. Нашето мото е „ДЕЦАТА СЕ УЧИТЕЛИТЕ НА СЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА“.

Ова место ја артикулира визијата за тоа какво образование е потребно за детето и како тоа да го направиме преку разновидниот пристап и богатството на образовните ресурси. Ќе се обидеме децата да влезат и во светот на имагинацијата и во светот на реалноста, обезбедувајќи им практични алатки потребни за нивниот сопствен раст и развој, креирајќи атмосфера на можности.

Трпението, разбирањето, природниот авторитет, духовитоста, фантазијата, како и почитувањето на детето се особините на нашите наставници. Нашата цел е да ги учиме децата како да мислат, а не што да мислат; да истражуваат; да се сомневаат; да прашуваат; да комуницираат; да прават грешки и да учат од сопствените грешки; и најважното – да им биде убаво и забавно додека учат и престојуваат во „Бибиверзумот“.

Искрено се надеваме дека барем малку ќе придонесеме децата да ги откријат сопствените потенцијали и да им ги всадиме доблестите, особено: праведноста, мудроста, умереноста, храброста, трпението, самодисциплината, емпатичноста, истрајноста, чесноста. Тоа се длабоките хуманистички вредности кои се основа на сè во животот.

Везилка Магазин