Разно

Светски Ден на детето – 20 ноември

Везилка Магазин

Денот на децата прв пат започнал во втората недела на јуни во 1857 година, кога д-р Чарлс Леонард, пастор на Универзалистичката црква во Челси, Масачусетс, одржал специјална служба посветена на децата. Леонард денот го именувал како Ден на розата, кој подоцна бил променет во Цветна недела, и на крај како Ден на децата.

Денот на детето за прв пат бил официјално прогласен за национален празник на 23 април 1920, од страна на владата и весниците во Турција, но официјалната декларација на национално ниво била дадена во 1929 година од основачот и претседателот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Во 1954 година, Обединетото Кралство и официјално го прогласи Денот на децата за да ги охрабри сите земји да организираат ден, во кој прво, ќе промовираат меѓусебна размена и разбирање меѓу децата и второ, ќе иницираат активности за придобивки и унапредување на благосостојбата на децата во светот.

Светскиот ден на детето се слави на 20 ноември, во чест на Декларацијата за правата на детето која Обединетите нации ја усвоија на Генералното собрание на ООН на 20 ноември 1959 година.

Везилка Магазин