Разно

Светски ден на крводарителите – 14 Јуни

фото: David Schwarzenberg
Везилка Магазин

Секоја година, на 14 јуни, државите ширум светот го слават Светскиот ден на крводарителите. Овој датум е одбран за да се одбележи раѓањето на Karl Landsteiner , австриски биолог и имунолог, кој во 1900 година ги открил крвните групи.

Настанот служи за подигање на свеста за потребата од безбедна крв, и да им се заблагодари на донаторите на крв за нивните дарови кои спасуваат животи. Секоја година се празнува под одреден слоган, а во 2020 тој гласи:

“Share Life, Give Blood”

Ако никогаш не сте дарувале крв, а можете, денес е прекрасен ден за тоа. Благодарност до сите крводарители насекаде низ светот!

 

Везилка Магазин