Светскиот ден на музиката, е годишна музичка прослава што се одржува на 21 јуни. Денот на музиката е одлична можност за луѓето насекаде низ светот да свират музика надвор, во нивните населби или на јавни места и паркови.
На овој ден се организираат и бесплатни концерти, каде музичарите свират за забава, а не за пари, симболично означувајќи го денот на музиката.
Првата целодневна музичка прослава започна во 1982 година поттикната од Jack Lang, министер за култура на Франција, и Maurice Fleuret – француски композитор и новинар.
Денес денот на музиката се слави во 120 земји низ целиот свет.