Замислете да влезете во вашата омилена продавница и да ги видите полиците безмалку празни!
Замислете недостиг на свежо овошје или зеленчук, на производи што содржат мед, бадеми, кафе и чоколадо. Дури и млекото и говедското месо би биле дефицитарни затоа што опрашувачите, како што се пчелите, се одговорни за растенијата што ги хранат добитокот – како луцерката.
Опрашувачите се одговорни за голем процент од храната што ја консумираме. Тие (молци, муви, бубачки, птици, лилјаци и други) се исто така дел од одржувањето на белите дробови на нашата планета, а помагаат и во растот на многу дрвја и други растенија. Со еден збор, тие се витален дел од многу екосистеми.
Според ова, одговорот на прашањето зошто се пчелите важни за луѓето, е повеќе од јасен – пчелите се камен-темелник на нашиот систем за исхрана и заедно со другите опрашувачи помагаат во поддржување на растенијата коишто го обезбедуваат воздухот што го дишеме.
Вредноста на пчелите оди подалеку од само снабдување со овошје и зеленчук – тие се одговорни и за јаткастите плодови, кафето, па дури и зачините. Најважните пет причини зошто пчелите се важни се:
Помагаат во производството на 1/3 од нашата понуда на храна
Помагаат во обезбедувањето на 1/2 од светските влакна, масла и други суровини
Помaгаат во создавањето на многу лекови
Обезбедуваат храна за дивиот свет
Помaгаат да се спречи ерозијата на почвата
Иако значењето на пчелите во создавањето на исхраната му е и повеќе од познато на човекот, популацијата на пчели продолжува да се намалува поради неконтролираното користење на пестициди и други фактори на животната средина.
За да се подигне свеста за важноста на опрашувачите, заканите со коишто се соочуваат, како и нивниот придонес во делот на одржлив развој, во 2018 година ОН го назначија 20 мај како Светски ден на пчелите.