Разно

Светски ден на спиењето – 18 Март

Везилка Магазин

 

Официјално прославуван од 2008 година на секој последен петок пред пролетната рамноденица, Денот на спиењето е глобален дневен настан за подигнување на свеста за придобивките од спиењето и има за цел да им помогне на оние со сериозни проблеми со сонот.

Светскиот ден на спиењето се фокусира на различни прашања поврзани со спиењето, медицината, едукацијата и социјалните ефекти што може да ги има лишувањето од сон врз секојдневниот живот. Од благи до тешки, тешкотиите со спиењето се модерен проблем што може да го окупира и отежне целиот живот на луѓето ако не се држи под контрола.

Здрав сон значи здрав живот, затоа слободно спијте без грижа на совест, нашето тело точно знае колку одмор му треба. Почитувајте и слушајте го!

Везилка Магазин