МузикаМузика и уметност

„Сербез Донка“ во уникатна изведба на Благој Ламњов и Norrköping шведскиот симфониски оркестар

Везилка Магазин

Ова е изведбата која ги натера сите, и млади и стари, кои никогаш не размислувале за кларинетот, да почнат да го слушаат во секој слободен момент.

Благој Ламњов е роден велешанец, класично обучен кларинист образуван во Шведска, САД и Македонија. Тој ја направи својата прва турнеја како 13 годишно момче и оттогаш настапи во повеќето европски земји, како и Кина, Јапонија, САД и Канада.

Во моментов Благој живее во Шведска и досега работеше во големи институции како што се универзитетот Гетеборг, Универзитетот Лунд, Градски театар Стокхолм, Опер Малми, Хелсинборг Симфониски оркестар.

 

„Мојот нов музички албум „Носталгична љубов“ беше објавен во јуни 2019 година во Шведска.
Овој албум се состои од песни без зборови под влијание на македонската народна музика, зачинет со неколку други музички стилови, изведени со елеганција и убавина на класичната музичка традиција и класичниот кларинетски звук.

Овој стил што го измислив, откри нова слика на кларинетот и привлече слушатели од сите возрасти од целиот свет. Моите песни се погодни за скоро секоја инструментална плејлиста и создаваат убави и мирни чувства во вашето срце.“ – Благо Ј.

 

Своето деби како солист со симфониски оркестар го имаше во јануари 2020 година со симфонискиот оркестар „Норкопинг“ во Шведска. Уживајте во прекрасната изведбата на „Сербез Донка“ од тој концерт!

 

Везилка Магазин