Интервјуа

„Се пронајдов во филозофијата на „Доминос““

Интервју со Костадин Несторов, Македонец со скромни желби и големи остварувања во Сиднеј

Везилка Магазин

Животот знае да даде шанса и да отвори дилема – што понатаму? Каде да се продолжи? Такво чувство имал и младиот Костадин Несторов од Скопје кога семејството го натерало да замине преку барата.

„На аеродром во Сиднеј ме пречекаа мајка ми и сестра ми,беше наутро околу 5ч.Брат ми не можеше да дојде бидејќи имаше работа,а и не знаеше дека доаѓам беше мало изненадување хаха. Слетав на 23 Јуни 2017 и на 30ти Јуни после само 7 дена почнав да работам.Го срушив рекордот на сестра ми,она почна со работа после 9 дена од кога слета во Сиднеј,тоа ни беше како мало натпреварување“, вели Несторов.

 

Извор – приватна архива

 

Прва работа му била перење на автомобили. Работел пет дена од 9 до 17 часот. Ова траело се` додека не ги добил сите документи за престој во Австралија. Потоа размислувал дека би било добро да аплицира во синџирот на ресторани за пица – „Доминос“. Се замислувал како доставувач кој ќе им носи пица на гладните. Но животот за ова скромно момче имал друг план.

 

Извор – приватна архива

 

„На 1 април добив договор и понуда да бидам асистент менаџер од страна на тогашниот сопственик Томи Фостер од кој што научив многу во врска со бизнис воопшто и Доминос“, вели Костадин. Како млад и вреден менаџер имал многу шанси да ја смени работата, да се обиде да напредува, но одлучил да биде лојален и да ја гради професионално кариерата во куќата која му ја дала најголемата шанса.

 

Извор – приватна архива

 

„Во Доминос аплицирав на интернет и добив брз одговор за интервју. Отидов со позитивна мисла и си реков “Ќе се возам на скутер,ќе доставувам пици убаво ќе ми биде”. Ме имаат прашано и претходно, ама одговорот е секогаш ист – останав поради луѓето, а и самата работа.

Убаво ми е да ги едуцирам на некој начин тие што се дел од мојот тим што значи да работиш и заработуваш и зависиш самиот од себеси, а не од друг. Поради тимот и резултатите што ги достигнуваме. Поради тоа што од обичен доставувач на пица можеш да достигнеш до водач на смена, асистент менаџер, менаџер на продавница, регионален лидер, државен лидер, итн“.

Извор – приватна архива

Младиот скопјанец живее исто и во Сиднеј. Кога не е на работа се релаксира како и сите.

„Кога сум сам правам многу работи. Возам со велосипед, трчам, средувам низ дома, готвам, гледам филмови, спорт, слушам музика…“ вели Костадин.

Успехот и шансата која му ја дала Австралија не ја забоорава, но не ја заборава ниту земјата од која што доаѓа, каде што го земал првиот атом воздух и првиот зрак сонце.

„Го живеам денот целосно како што јас сакам, а не како мора да биде. Сепак, Македонија ја сакам, бидејќи тоа е мојот дом, имам многу недовршени работи таму, многу блиски луѓе и семејство“ завршува Костадин.

 

Извор – приватна архива

 

 

Везилка Магазин