Како се пренесува КОВИД-19?
КОВИД-19 се пренесува од лице на лице преку:
- Близок контакт со некое лице додека е заразено или во рок од 24 часа пред да се појават неговите симптоми.
- Близок контакт со лице со потврдена инфекција кое кашла или кива.
- Допирање на предмети или површини (како што се рачки на вратите или маси) загадени преку кашлица или кивање од лице со потврдена инфекција, а потоа допирање на устата или лицето.
Кои се симптомите на КОВИД-19?
Симптомите на коронавирусот може да се движат од лесна болест до пневмонија, според веб-страницата на Сојузната влада.
Симптомите на КОВИД-19 се слични на други видови на настинка и грип и вклучуваат:
- Треска
- Воспалено грло
- Кашлица
- Замор
- Тешкотии при дишењето
Што да направам ако добијам симптоми?
Ако се појават симптоми во рок од 14 дена по пристигнувањето во Австралија или во рок од 14 дена по контакт со некој кој има потврден КОВИД-19, треба да закажете посета кај вашиот лекар за итна проценка.
Повикајте го вашиот лекар за да закажете термин или јавете се на Националната телефонска линија за здравствени информации Коронавирус на 1800 020 080. Не посетувајте здравствена клиника или болница без претходно да ги известите дека имате симптоми.
Пред да пристигнете, јавете се во здравствената клиника или во болницата и кажете им ја вашата историја на патување или дека сте биле во контакт со потврден случај на КОВИД-19.Мора да останете изолирани во вашиот дом, во хотелот или во просториите на здравствената заштита додека јавните здравствени власти не потврдат дека е безбедно да им се вратите на вообичаените активности.
Ако имате тешкотии да дишите или имате итна медицинска состојба, јавете се на 000.
Дали треба да ми биде направен тест за КОВИД-19?
Тест ќе ви биде направен само доколку вашиот лекар одлучи дека ги исполнувате следниве критериуми:
Сте се вратиле од странство во изминатите 14 дена и сте добиле респираторно заболување со или без треска.
Сте биле во близок контакт во изминатите 14 дена со потврден случај на КОВИД-19 и развивате респираторно заболување со или без треска.
Имате тешка пневмонија стекната во заедницата и нема јасна причина за тоа
Вие сте здравствен работник кој работи директно со пациенти и имате респираторно заболување и треска.
Само сомнителните случаи се тестираат за да се осигура дека лабораториите за тестирање се во состојба да се справат со побарувачката.
Како се лекува вирусот?
Не постои специфичен лек за коронавируси, но повеќето од симптомите може да се третираат со помош на медицинска поддршка.Антибиотиците не се ефикасни против вируси.
Кој е најмногу изложен на сериозна болест?
Некои луѓе кои се заразени може да не се разболат воопшто, некои ќе добијат лесни симптоми од кои ќе се опорават лесно, а други може да станат многу болни, многу брзо. Од претходното искуство со други коронавируси, со најголем ризик од сериозна инфекција се:
- Луѓе со компромитиран имунолошки систем (на пр. kарцином)
- Постари лица
- Абориџини и домородни лица од Торес Стрејт кои имаат повисоки стапки на хронични заболувања
- Луѓе со хронични медицински состојби
- Луѓе кои споделуваат резиденцијален простор
- Луѓе во притворни центри
- Многу мали деца и бебиња *
* Во оваа фаза, ризикот за деца и бебиња и улогата што децата ја играат во пренесувањето на КОВИД-19 не е познат.Сепак, досега има ниска стапка на потврдени случаи на КОВИД-19 кај деца, во однос на пошироката популација.
Како може да помогнете во сузбивањето на КОВИД-19?
Практикувањето добра хигиена на рацете и при кивање/кашлање и одржувањето на оддалеченост од другите кога сте болни е најдобрата одбрана од повеќето вируси. Вие би требало да го практикувате следново:
Често да ги миете рацете со сапун и вода, пред и после јадење и после одење во тоалет.
Покривајте ја устата кога кашлате и кивате, фрлајте ги шамивчињата со кои се бришете и користете течност врз основа на алкохол за дезинфекција на рацете
Ако не се чувствувате добро, избегнувајте контакт со другите (држете се на растојание од најмалку 1,5 метар од луѓето).
Преземете лична одговорност и останете дома колку што е можно повеќе.
Кој треба да се изолира?
Сите луѓе кои пристигнуваат во Австралија почнувајќи од полноќ на 15 март 2020 година, или оние кои мислат дека можеби биле во близок контакт со потврден случај на КОВИД-19, треба да се изолираат 14 дена.
Ако ви е поставена дијагноза КОВИД-19, мора да останете дома:
- не одете на јавни места како што се работа, училиште, трговски центри, центри за грижа за деца или универзитет
- замолете некого да ви набави храна и други потреби и да ги остави на влезната врата
- не пуштајте посетители внатре – само луѓето кои живеат со вас треба да бидат во вашиот дом
Што е социјално растојание?
Социјалното растојание е еден од начините да се помогне во сузбивањето на вируси како што е КОВИД-19. Тоа вклучува да останете дома кога не се чувствувате добро, да избегнувате големи собири ако не се неопходни, да одржувате растојание од најмалку 1,5 метри помеѓу вас и другите луѓе кога е можно и да избегнувате физички контакт како што е ракувањето или прегрнувањето.
Социјалното растојание вклучува избегнување да се допираат предмети или површини (како што се рачки на вратите или маси) загадени од кашлица или кивање од лице со потврден случај на КОВИД-19.
Колку повеќе простор има помеѓу вас и другите, толку е потешко вирусот да се пренесе.
Дали можам да посетам членови на семејството и пријатели во установи за нега на стари лица?
Избувнувањето на кој било вирус во установите за нега на стари лица може да предизвика значителни проблеми.Но,со КОВИД-19 постои особено сериозен ризик по здравјето кај постарите лица. Со цел да се заштитат постарите лица во старските домови, се применуваат ограничувања.Не посетувајте установи за нега на стари лица ако:
- Сте се вратиле од странство во последните 14 дена.
- Сте биле во контакт со потврден случај на КОВИД-19 во последните 14 дена.
- Имате треска или симптоми на респираторна инфекција (на пр. кашлица, болки во грлото, проблеми со дишењето)
Од 1мај, мора да имате примено вакцина против грип за да посетите која било установа за нега на стари лица.
Дали треба да носам хируршка маска?
Хируршките маски во заедницата се корисни само за да ги спречат луѓето кои имаат КОВИД-19 да го пренесат на другите. Ако се чувствувате добро, не треба да носите хируршка маска бидејќи има малку докази кои поддржуваат широко распространета употреба на хируршки маски кај здрави луѓе за да се спречи пренесување на заразата на јавни места.
Ако од вас се бара да се изолирате, треба да користите хируршка маска (доколку имате) во следниве околности:
- Ако треба да го напуштите вашиот дом од која било причина и да бидете на јавни места.
- Ако посетувате медицинска установа.
- Ако имате симптоми, а други луѓе се присутни во иста просторија како и вие.
Патување од или до Австралија
Од 21 часот на 20 март 2020 година, само австралиски граѓани, жители и непосредни членови на семејството можат да допатуваат во Австралија.
Од сите патници кои допатувале во Австралија се бара да се изолираат 14 дена, дома или во хотел.
Ако патниците не се придржуваат кон барањето да се самоизолираат 14 дена, тие може да се соочат со низа казни што се на сила во секоја држава или територија.
Посетете www.smartraveller.gov.au за повеќе информации.
Како властите во Австралија управуваат со избувнувањето на вирусот?
Премиерот го активираше Emergency Response Plan for Novel Coronavirus (COVID-19).
За да дознаете како австралиската влада управува со избувнувањето на КОВИД-19, одете на Government response.
За повеќе информации на англиски јазик посетете health.gov.au/news/health-alerts/novel-coronavirus-2019-ncov-health-alert