ИнтервјуаУспешни бизнис приказни

„Слободата за мене е најважниот дел и не верувам во компромиси или жртвување кога влегуваш во брак“

Интервју со Марија Di Biaggio, сопственик на спортскиот бренд DiBiaggio

Везилка Магазин

Од Њујорк во кривопаланечкото село Опила, за кратко време доживеа самоизолација, повреда по пад од коњ и се зарази со корона вирусот. Лоша среќа, или типично Марија секојдневие?

 

– Па не е лоша среќа , едноставно некои работи се случуваат со причина. Јас во сред пандемија од Њујорк заминав за Македонија со знаење дека ќе завршам во државен карантин 14 дена, па потоа пак уште 14 дена дома во само-изолација , ама сакав да сум на село со животните повеќе одколку во Њујорк и во стан. Да не ми се случеше несреќата со коњот немаше да ми откријат асимптоматска корона, која ја поминав без никакви симптоми.

Извор – приватна архива

Мене како спортист и авантурист  ме следат патешествија цело време така да – научена сум си ?

 

За прв пат од Македонија излезе во 2009та година, кога отиде во САД. Што е тоа што, како тогашен студент, не ти се допадна на прв поглед таму?

 

– Не ми се допадна начинот како САД функционираше , сите трчаат за пари, се нема време за себе , премногу нездрава храна и живот без баланс.

 

Наместо патување низ САД, двата месеца ги искористи за патување низ Централна Америка. Колку „несреќи“ имаше таму?

 

– Латино Америка ми е нешто близу до срцето и народот па парите што ги заработив како студент ги потрошив во Мексико, Куба и Гватемала . Таму ми се десија супер авантури ,поготово во Мексико каде ми исчезна еден мал израсток што го имав на окото, а во Македонија ме чекаа за операција на истото . Едноставно изчезна и се вратив во Македонија без ништо на окото , со супер крвна слика додека претходно бев секогаш на работ за слабокрвност.

Maya world Mexico – приватна архива
Куба – приватна архива

Во Куба стандард те влечкаат да купиш работи , јас својот престој го комбинирав со хотелско сместување и приватно кога на аеродромот запознав жена на која и пренесов за Куба текстилен материјал за ќерка и да направи костими за театарот во која е дел па така си седев и кај нив неколку дена .

 

Ти си професор по физичка култура и спорт, кој во 2011 пак се враќа во САД, за овој пат да работиш како фитнес инструктор и во бифето на Ралф Лорен во модната област. Какви спомени носиш од тој период?

 

– Тој период ми е темелот на се што сум сега како личност со сопствен бизнис. Едно од моите најубави искуства за работа, себепронаоѓање и градење како личност која точно дозна што сака од својот живот, ако остане во Њујорк.

Со Alexandria Ocasio-Cortez – приватна архива

Јас работев во една од најелитната корпоративна теретана на 5та авенија и во исто време неколку часа во бифето на познатиот Моден дистрикт на седма авенија каде имав шанса да го гледам хаосот за време на спремање на модниот викенд , манекенки растрчани , асистенти исто така како и да имам парчиња од дизајнери кои работеа за Calvin Klein I Ralph Lauren.

Со Новак Џоковиќ – приватна архива

Најубавиот спомен ми е енергијата , едноставноста на познатите ( за разлика во Македонија каде сите глумат селебрити ?). На пример Франциско Коста главниот дизајнер и директор на Calvin Klein секогаш ни носеше подароци за Божиќ лично тој. Тивок, културен за муабет  и секогаш зафатен кога ќе сакаше да седне и да биде сам.

Со Francisco Costa – приватна архива

Поради ексклузивноста на местото многу дизајнери доаѓаа на состаноци , кафе и муабет , па во таква ситуација искрено и не можеш да ги препознаеш некои, ко на пример јас Вера Ванг, зошто во живо нема шанси да ја препознаеш , сосема се различни од тоа што гледаме во списанија или ТВ.

Поради ваквото искуство знаев дека сакам да имам бизнис кој ќе ми дозволи слобода и ќе можам да патувам секогаш кога сакам и да си ги видам моите во Македонија , а не да сум роб заглавен со години во Америка без да си ја видам татковината.

Извор – приватна архива

 

Сопругот Маурисио работи како дизајнер на накит за Givenchy. Со што го освои твојот нескротлив дух?

 

– Хаха искрено не знам, затоа што за многу работи сме толку различни (тој смирен, јас темперамент невиден) но имаме исти ритуали кога станува збор за бизнис и дисциплина за работа и морални вредности. Тој ми е ментор, учител, другар пред се`, затоа што кога го гледав со каква страст, љубов и трпение ја сака работата негова и поддршката за да пробам со сопствен бизнис можеби немаше никогаш да бидам ова денес.

Марија и Маурисио – приватна архива

Во Македонија никогаш немав такво нешто видено, можеби затоа што луѓето тука сакаат да се во државна институција напикани и да се во конфорна зона засекогаш. Во Њујорк сум опкружена со луѓе кои си го сакаат сопствениот бизнис, сакаат повеќе од себе и имаат ненормално добро развиена дисциплина.

Со Candace Bushnell, авторката на Sex and the City – приватна архива

 

Наместо свадба, реши да направиш инвестиција, па првите машини за шиење ги купи на старо од штипска конфекција со пари кои ги заработи како студент, создавајќи го брендот Di Biaggio New York – иновативна компанија за спортска облека. Што го прави овој бренд поразличен од другите?

 

– Да баш така. Парите од Work and travel програмата ги дадов за машини на старо затоа што сакав да имаат значење за мене лично, а за инвестиција направив презентација во кујната на маж ми зошто е добро да ги инвестираме парите место свадба и мојот прв вака изведен pitch беше со излепени хамери по ѕидот колку што како ќе кошта за свадба , а колку за бизнис.

Почетоците на DiBiaggio – приватна архива

Крајот заврши вака :  Маурисио, секако ќе не одговараат за каква и да е свадба пошто нели мора да е се нај ,нај затоа што доаѓаме од Њујорк, а јас мразам невестински фустани пошо секогаш сум се чудела како мочаат со тоа чудо околу нив ?

И така не се деси свадба за која сум си ден денешен многу горда што ја немав .

Што го прави брендот различен е фактот што сме први што воведовме во нашата продавница во Македонија строго само dry fit парчиња облека ,додека памукот се уште беше застапен и за спорт , голем избор на светли бои и објаснувавме зошто е важно да се има вакво парче на себе за спортски перформанси и телото. Имавме хеланки  со УВ заштита како и дресови за велосипед.

Дел од некои модели се создадени уникатни дизајни од мене. Како на пример мапата на Македонија каде што секое градче е во различна боја , а сето тоа е добро спакувано во дизајн за велосипед со сите заштитни флуроцентни детали.

Во нашиот погон ги искористуваме  сите материјали и немаме отпад, туку од отпадот правиме перничиња за бездомни животни и ги донираме на здруженија. Компанијата е социјално одговорна од самиот почеток, добитник на награда за Зелени идеи и филантропија во 2018 и беше дел од битката за престижната награда на Rockefeller brothers.

Исто така бевме дел од светскиот проект -интервју на Fashion Revolution светскиот подвиг за заштита на вработените во текстилната индустрија каде ни беа гости и ги видоа условите во кои работат моите луѓе.

 

Брендот го започна за Њујорк, но сега е само во Македонија онлајн. Колку е тешко да се оддржи бизнис во друга држава, посебно во место како Њујорк?

 

– Моментaлно се` ни е во Македонија ,но ние секогаш соработуваме со клиенти и продажни агенти во Америка, имавме showroom на 47 улица и 5та авенија. Њујорк е идеален за било кој бизнис, поготово за мојот со спортска облека затоа што секој викенд има спортски активности , трки и слично. Јас би рекла дека е различен пристапот и потребите тука во Македонија и таму. Мене ми е супер што ги користам и двете земји за да се извади најдоброто.

На Fashion weekend Скопје – приватна архива

 

Ја формираше невладината Pink Support MK, како организација за поддршка на маргинализираните категории граѓани во Македонија, а во 2017 направивте и документарен филм. Дали сметаш дека на овие граѓани им се помага доволно, и што би направила ти, да имаш повеќе моќ?

 

– Немаат доволно поддршка пред се од државата , се` уште имаме табу тема кога станува збор за било каков инвалидитет, а сега поготово кога и јас самата сум со проблем со ногата од пад на мојот коњ Пикасо и се влечкам по физио терапии, гледам како луѓето и околината не се отворени или не се едуцирани доволно дека било каков инвалидитет кај некого може да биде дел од општеството, а не пречка .

Pink support MK – приватна архива

Да имам поголема моќ јас би создала општество каде сите ќе бидат исто третирани и повеќе инволвираност на луѓе со предизвик во институциите, спортски настани и генерално настани. Овие луѓе немаат основен пристап во скоро сите институции и  нашата земја нема создадено ни минимален ефорт за нив и нивните најблиски.

 

Животните се еден од најважните елементи во твојот живот. Кој ти е најверен придружник?

 

– Ѕвонче. Ѕвонче ми е омилената девојка куче во толпата животни кои ги имам собрано од улица и се дел од мојот живот веќе со години. Она ми е терапија и придружник каде и да шетам низ Македонија. Инаку имам три кучиња дома, мачор Ѓоре собран од скопски улици, мачка Могли најдена како бебе и Пикасо мојот убавец од коњ кој е првиот машки лик кој ме тресна од земја здраво и еве ме со скршена нога ?

Без нив е се празно и не ми е тоа тоа кога сум во Македонија. Поради животните ми е преубаво на село и тој баланс Њујорк- село што ми треба.

 

Како за крај – part time husband, и што значи слободата за тебе?

 

– Хаха баш така и се зезаме дека ми е парт тајм маж пошо последните две години и нешто сум повеќе во Македонија одколку во Њујорк со сопругот , но тоа е нештото што и на двајцата ни одговара затоа што сме си заљубени во работата и на двајцата ни е приоритет. Маурисио има луѓе што работат за него во Њујорк , мене производството ми е во Македонија , материјали купувам во Европа и нормално е да сум често тука сама.

Во Занзибар – приватна архива

Сакам и сама да патувам со ранец на себе и да заминам низ светот некаде на 10-12 дена и тоа е сосема ок и Маурисио ме разбира затоа што е човек кој има поминато низ истото , изживеан и самоуверен, па не му претставува проблем да ме разбере.

За разлика од него, во Македонија им е чудно како е тоа можно, ама јас пак ќе кажам партнерството , бракот дури и обична врска мора да се базира на  самопочит пред се и да се сакаш себе си, само така можеме да функционираме и дадеме најдобро од себе за било кој околу нас.

San Juan, Puerto Rico – приватна архива

Слободата за мене е најбитниот дел и не верувам во компромиси кога влегуваш во брак или жртвување.. Заради тие компромиси многу луѓе се губат себе си , незнаејќи дека така само венее врската место да се зајакнува со текот на годините. Кога некој те прифатил таков каков што си, не сфаќам зашто сакаат после да се сменат на полошо , престануваат да се грижат за физичкиот изглед на пример и двајцата партнери , се е ради партнерот да не се налути и слично, и така несвесно влегуваат во бумеранг наречен рутина.

Пуерто Рико – приватна архива

Слободата за мене претставува крилја кои гордо летаат и секогаш се враќаат на тој што ги поддржува , а не сече.

Везилка Магазин