Сонце, папрат и кенгур

Сонце, Папрат и Кенгур: Лична рефлексија на мојот живот по смртта на мајка ми

Македонска гордост!
Везилка Магазин

The English version can be found on this link.

 

Ја пишувам оваа статија како личен одраз на тоа колку далеку чувствувам дека сум стигнал во мојата бурна, но сепак неверојатна, животна приказна. Животот не беше многу љубезен кон мене, но тоа не го гледам како изговор да не го живеам што е можно понормално. Всушност, сметајте го овој текст како мој совет за сите оние кои се движат низ променливи води.

 

Во манастирот во Донибрук

 

Личните околности со грижата околу мајка ми и на крај нејзината смрт – го зедоа својот данок на мене, бидејќи моето тело чувствуваше дека веќе нема цел и што да прави откако престана многу зафатениот период што доаѓаше со грижата. Сега, за да си ги олеснам работите се обидувам да го структурирам мојот ден околу секојдневните активности, оброците и времето на одмор. Најважниот дел од оддржувањето на оваа структура е да имаш одредена задача за назначен ден  од секоја недела. Ако немаш структура, се распаѓаш.

 

Фотографија од мене среќен!

 

Мојата идеја за односите со другите луѓе, довербата и љубовта кон нив, исто така доби голем удар во овој период. Во време на трагедија и смрт дознаваш кој е вистински пријател, а кој лажен. Моето срце не беше подготвено за некои од загубите, но сега ги прифаќам како луѓе кои се или исплашени од животот или од мене. Не се трудам да бидам страшен, но дури и јас признавам дека сум прилично „тешка“ личност за некои луѓе да се справат со мене.

 

Сестра ми и јас во голф клубот

 

Дружењето е исто така важно за време на неволја. Сметам дека е многу поважно да имаш само неколку блиски пријатели, отколку сто далечни. Имањето неколку доверливи советници го прави секој совет поискрен и директно од срце, за разлика од некој што едвај го познавате да ви каже да направите нешто глупаво или несоодветно. Исто така, постојат моменти кога само вашето сопствено друштво е корисно за исцелување на вашата душа.

 

Кога седнавме на каучот на Симпсонови

 

Многу е важно да се најде радост во најмалите работи во животот. За мене, патувањето и хуморот се две дроги што мислам дека секој човек треба да ги пие. Кој не ја сака возбудата од наоѓање ново место, истражување на секој ќош и пукнатина? А хуморот, хуморот е една од најпотценетите вредности на планетата и некој што ве засмејува треба да се цени засекогаш, бидејќи тоа е многу ретка способност да се има.

 

Една од моите омилени неделни рутини: Кафе клубот

 

Гледам во стариот Јас, кој ја имаше оваа сила цело време, и сфаќам дека тој никогаш не знаеше како да ја користи правилно. Јас сум побестрашен и похрабар во моите постапки отколку пред неколку години и претпоставувам дека тоа доаѓа со тоа што морав да се вадам од неколкуте калливите ситуации во кои се најдов.

 

Сакам повремено да пијам коктел!

 

Сонувам да станам некој кој може да ги инспирира и да ги тренира луѓето да станат подобри верзии од себе. Верувам дека сите ние сме способни за промена кога ќе го ставиме нашиот ум на тоа. Сепак, од вас зависи дали ќе ги направите тие промени, а не од некој друг.

 

Еден од моите најгорди моменти! Запознавање со многу успешниот македонски фудбалер Алекс Марку!

 

Ако тука требаше да ја ставам секоја животна филозофија и цитат што ми помогнале во битките и терапиите за моето ментално здравје, ќе требаше да пишувам до недоглед. Сепак, она што сакам да го извлечите од оваа статија е дека секогаш постои надеж дури и во најтемните ситуации и да запомните дека секогаш постои некој на кого му е полошо од вас. Запомнете дека најголемиот суперхерој на оваа Земја сте вие: време е да ја направите промената што ќе ве направи восхитувачки сакано човечко суштество.

Везилка Магазин