Сонце, папрат и кенгур

Сонце, Папрат и Кенгур: Моите последни години во основно училиште

Јас во петто одделение
Везилка Магазин

The English version can be found here.

 

Во моите последни години од основното училиште навистина се чувствував како возрасен, иако тоа беше само на половина од моето школско патување! Ова беше возбудливо време да се биде Јордан Ристовски, ќе дознаете дека уживав академски успех, имав прекрасни наставници и на сестра ми Јелена ѝ посакавме добредојде во светот во тоа време.

 

Групна фотографија од петто одделение

 

Петтото одделение беше уникатно за мене. Немав еден наставник, како што многумина традиционално имаа во основно училиште, туку два. Заменик директорката г-ѓа Морит беше моја наставничка од понеделник до среда, а младата г-ца Даџон беше моја учителка во четврток и петок. Чудно ми беше што домашната задача ми ја доделуваше една наставничка, а друга ми ја проверуваше во истата недела!

 

Фотографија од шесто одделение

 

Во тоа време можам да се пофалам дека бев најдобриот во спелување во училиштето. Толку многу, што не седев на редовниот час по правопис со моите врсници, туку го правев спелингот за напредно ниво со неколку други талентирани ученици. Присуствував на специјален час, на којшто бевме само јас и г-ѓата Морит во нејзината канцеларија, решавајќи правописни задачи од средношколски учебници и други книги за возрасни, многу понапредни од нивото за основно училиште. Ова е едно од моите најгорди достигнувања и сѐ уште ги чувам тие книги складирани некаде.

 

Групна фотографија од шесто одделение

 

Госпоѓата Морит беше строга, но фер учителка. Таа беше и наставничка по физичко образование во нашето многу мало училиште и беше позната по тоа што ве тераше да правите физичка активност, без разлика дали ви се допаѓа тоа или не. Таа отсекогаш бараше да даваш сѐ од себе, и јас бев горд кога на крајот стана директорка, иако веќе го имав напуштено училиштето. Сѐ уште ја посетувам од време на време и до ден денес.

 

Иден репрезентативец на Македонија, 2012 година

 

Г-цата Даџон беше прекрасна учителка и никогаш нема да заборавам што направи за да нѐ научи за толеранција и почитување на другите култури. На забавата на крајот од полугодието, го донесов своето македонско музичко ЦД и некои мои австралиски врсници грубо ми рекоа дека не сакаат да ги слушаат таа Вог* (*израз за дојденци во Австралија) музика!

Г-цата Даџон, дама од Полска, многу се нервираше за такви работи, па ги натера другите деца да го стават ЦД-то на радио, и побара да го научам целиот клас да танцува македонски ора. Беше толку задоволувачки да се гледа како целото одделение танцува оро, да им се предава лекција за мултикултурна Австралија за да се научат правилно како се почитуваат оние кои се различни.

 

Бебе Јелена

 

Додека бев во петто одделение се роди мојата најмила сестра Јелена, десет години помлада од мене. Беше тивко бебе, додека не наполни 6 месеци и оттогаш е истото гласно, досадно и гадно дете. Знам дека е грубо од мене да зборувам за сестра ми така, но ако и на неа ѝ го поставите истото прашање, веројатно ќе ви го каже истото! Таа беше добредојден благослов и чудо за нашето семејство, и докажа дека добри работи можат да се случат дури и во време на темнина.

 

Брат и сестра

 

Моето последно одделение во основно училиште започна следната година, а мојата последна наставничка беше г-цата Плеса. Јас многу добро се однесував со неа, откако научив дека е половина Македонка, исто како и јас.

Кога се борев да се помирам со многу конзервативните аспекти на македонскиот идентитет и култура, г-цата Плеса се поврза со мене и направи неверојатна работа да ми објасни дека секое македонско дете, без разлика каде и да е на овој свет, минува низ истото и дека треба да бидеме многу гласни и горди на тоа што сме и од каде потекнуваме.

 

10 -ти роденден, прославен во овој период

 

Основното училиште беше интересно време. Ме научи за фактот дека многу луѓе се борат да ги прифатат работите што се различни од нивната удобна зона. Моите искуства со малтретирање од врсниците ме научија дека сум тврд орев, а не осаменик, како што некои се обидуваа да ми кажат.

Исто така, ме научи дека постои цел свет надвор од училишните дискотеки, облекување за време на неделите на книга и пријателските наставници. Моите поглавја за средно училиште ќе бидат следни и ќе отворат една сосема нова Пандорина кутија. Таму кадешто Џорди се крена и шокираше многу луѓе.

Везилка Магазин