The English version can be found here.
Ако некој обичен пар, кој не се познати личности, заслужува документарeн филм напишан за нив, тоа се моите други прадедо и баба по мајка, Александар и Ада Татана, баба и дедо на мајка ми. Љубовна приказна за сите векови, со многу триумф и трагедија и сѐ друго измеѓу. Ова е приказна за мојата Нана Мерлин и Коро Фармер.

Александар, или Коро Фармер, се роди во јануари 1935 година во Роторуа, Нов Зеланд, од Меку Тухаха Татана, Маорец од народот Нгати Раукава и Флоренс Лилијан Татана, Англичанка од Есекс. Посетуваше училиште во Порутаухао, мала населба во регионот Манавату, Нов Зеланд. Меѓу браќата и сестрите беа браќата Ник, Џорџ, Дафи и сестрите Флоренс, Патриша, Џојс и Максин.
Детството беше тежок период за Коро, затоа што општеството тогаш сѐ уште беше многу против меѓурасни бракови и беше потребна многу напорна работа за да се нахранат сите усти.

Ада, или Нана Мерлин, се роди во мај 1935 година од Каваурукуроа Ханита Паки и Ритихира (Рита) Тукапуа во Левин, Нов Зеланд. Таа беше од народот Муаупоко, кои имаат многу комплицирана врска со племето Нгати Раукава, и пред колонијалното и пост-колонијално време. Било украдено многу земјиште и многу злосторства биле извршени од двете страни до точка кога целосно се разнишала врската меѓу двата народа.
Според мојот чичко Бред, моите прабаба и дедо се среќавале така што Коро ѝ се прикрадувал на Нан преку прозорецот и тајно присуствувал во нејзината куќа.

Едно утро таткото на Нан ѝ рекол: „Знам дека тоа момче е тука, те молам извади го од спалната соба“. И двата пара родители не ја одобруваа врската, но моите прабаба и дедо сепак се венчаа и ги поставија темелите за создавање на нивното неверојатно наследство.
Ако некој во мојот живот ми се жали за љубов и дека не може да ја најде, ќе им ја раскажам приказната за моите прабаба и дедо – најдобрата љубовна приказна што некогаш сум ја чул.

Откако се венчаа, моите прабаба и дедо почнаа да го создаваат своето наследство за себе. Коро редовно се дружеше со тракторот, работејќи ги тешките физички работи на фармата, а обожаваше да се занимава и со млекарство. Нан го подигнуваше нивното огромно семејство, кое во својот пик достигна 14 деца.
По неколку преселби на различни локации, на крај се населиле во сегашната семејна империја во Химатанги. Куќи, апартмани, wharekai (трпезарија), капела, wharemoi (спална соба), блок тоалети и семејни гробишта биле изградени во текот на годините за да уживаат сите нивни потомци секогаш кога ќе се враќаат дома во Нов Зеланд.

Семејството и името Татана ќе продолжат да растат со текот на годините. Како и сите семејства, и тие доживеаја подеми, падови и скоро сѐ друго што можете да замислите. Коро дури и велеше дека ако напишат драма за нас, сигурно ќе има милиони гледачи.
Иако наследството што го поставија моите прабаба и дедо беше повеќе пати ставено на тест и низ врела вода, тоа никогаш нема да умре бидејќи легендата е премногу голема и позната за некогаш да исчезне.

Секогаш уживав во моите посети на фармата Химатанги како мало момче и за овие посети ќе навлезам во детали во понатамошните поглавја. Нан и Коро беа нежни души кон мене и покрај тоа што бев еден од многуте правнуци, од сите членови на семејството таму јас секогаш ја чувствував најдлабоката љубов токму од нив од и секогаш ќе ги чувам блиску до моето срце.

Коро Фармер почина во мај 2016 година. Додека го пишувам текстов, Нан сѐ уште се држи добро и јас сум привилегиран да уживам во посебниот однос со неа. Многумина во мојот живот велат дека личам на овие двајца во многу нешта и ми претставува апсолутна чест кога ме споредуваат со двата мои неверојатни хероја.