The English version can be found here.
Поминаа 2 години откако се запишав во основното училиште Гринсборо. Второто одделение го започнав во 2009 година под мудрото раководство на г-цата Геогиан, строга, но фер, средовечна жена, која претходно предаваше петто и шесто одделение и чиј длабок глас нема никогаш да го заборавам.
И покрај својата строгост, таа ќе стане првата од многуте човечки суштества што ќе покажи сочувство кога светот на нашето семејство ќе се преврти наопаку.

На 2 април 2009 година, бев сведок на сериозна медицинска епизода од мајка ми, што доведе до дијагноза на рак на мозокот во 4 фаза. И покрај траумата на преживеаниот настан кога ја видов мајка ми на таков начин, следниот ден се вратив на училиште. Г-цата Геогиан се погрижи Емилија, нашата помошничка во училницата, да ме гледа како јастреб следните неколку недели и сѐ уште се сеќавам дека Емилија следниот ден ми рече: „Ќе го поминете ова. Не е крај на светот “.
Кога имав само 7 години, мајка ми беше практично на смртна постела. Но, кој знае, можеби смирувачките зборови на мојот помошник во училницата од 2 одделение ми ја родија неверојатната сила..

Можеби сериозни работи се случуваа дома, но јас сепак уживав во детството на училиште. Бев љубител на книгата и библиотекарката г-ца Фарли секогаш правеше исклучок за мене кога наместо најмногу 3 книги, таа ми дозволуваше да земам 6.
Во текот на целото мое основно училиште имавме часови по пливање на локалниот базен, каде што изгубив 6 пара очила за 5 години. Спортскиот настан „Twilight Sports“ беше ден кога целото училиште се собираше и учествуваше во голем број настани од 4 различни тимови, а јас најчесто бев или во Багрем или во Жолтиот тим. Иако секогаш бевме борци, мислам дека, додека јас бев таму, не победивме на овој спортски настан.

Имавме и Книжевен клуб, кој се оддржуваше 4 пати годишно, каде што успевав секој семестар да земам дома книги во вредност од 100 долари и целосно да ги збунам моите врсници за тоа како читам толку многу.
На родителските состаноци со наставниците секогаш бев претставуван како добро и воспитано дете – никогаш не изгледав дека правам нешто лошо, иако во тоа време успеав да ја скршам раката на Гаурав и тоа е единствениот пат кога сум виновен за случајно туркање на некого. Сѐ уште сме добри другари.

Во рамките на училиштето имавме и часови по веронаука со Каролина, свештеничка од Канада. Тоа беше нешто што никој не го сфаќаше многу сериозно, со оглед на секуларното австралиско општество во кое живееме. За жал, на тие часови никој вистински не работеше, но Каролин беше убава дама.
Првиот учител што некогаш ќе го замразам се појави во ова време во форма на наставничка по уметност – г-цата Троја. За жал, таа ми ја роди омразата кон оваа област, бидејќи чувствував дека без причина ме одбра и не ми даде да се движам напред. Сепак, јас бев доста зборливо дете на часовите по уметност, бидејќи навистина не го гледав како неопходен предмет.

Кога моите родители или баби и дедовци не можеа да се грижат за мене по завршувањето на училишниот ден, тие ме испраќаа во дневен престој во уметничката соба со Џаки, многу пријателски расположена и топла, абориџинска дама, која беше одлична пријателка со мајка ми и секогаш ми помагаше таму каде што можеше. Дури и повременото болно предавање за слушање на врсниците кои правеа притисок врз другите!
Други добри спомени ги вклучуваат Неделите на книгата, на коишто ги молев моите родители за повеќе книги, мачните национални тестови НАПЛАН и средбата со другата моја најдобра пријателка – Емили Хозе.

И пред да се освестам, започна трето одделение. Јас сѐ уште бев во училницата на г-цата Геогиан со одредена група деца кои останаа под нејзино раководство, додека останатите мои соученици отидоа кај г-цата Пирс. Мојот прв школски камп дојде во 3 одделение, кога патувавме до градот Англиси. Својот кревет на спрат го делев со мојот соученик Зак Гибс и уште едно момче по име Камерон Блек.
Тоа беше камп со многу случки, како онаа каде сите заглавивме на плажата Англси на студот и брутално влажното време. Редицата до собата за туширање беше огромна и се сеќавам на моментот кога Камерон рече дека во моментот се одмрзнуваме. Сите се вративме болни од тој таму и тоа ми создаде аверзија кон таквите кампови.

Ако има нешто што можам да истакнам од моите години под госпоѓицата Геогиан, тоа ќе е фактот што беше една од првите што ме научи за решавање конфликти. Таа помогна да се реши моето ривалство со Гаурав, дури и откако му ја скршив раката и големата борба за научен проект што вклучуваше празно шише со млеко и сламки за коса – да, знам, звучи смешно!
Таа многу веруваше во мене после сѐ што се случи со мама. И морам да го завршам овој текст со фактот што таа беше првата наставничка која ми дозволи да ги прескокнам часовите по писменост и математика за да можам да се качам на авион за Сиднеј и Нов Зеланд. Господ да те благослови, госпоѓице Геогиан!