Сонце, папрат и кенгур

Сонце, Папрат и Кенгур: Мојата македонска крв потекнува од Папрадиште

Папрадиште
Везилка Магазин

The English version can be found here.

 

Растејќи во македонската заедница, сретнав жестоки патриоти од целата нација. Буф, Драгош, Демир Хисар и Битола се само неколкуте што ми паѓаат на ум сега. Но, верувам дека ниту едно село или град во нашата голема нација нема пожестоки патриоти од нашето сакано село, Папрадиште.

Дали е тоа заради свежиот воздух на планините? Или чистата вода на изворот? Наскоро ќе дознаете.

 

Дедо ми, баба, пра-тетка, пра-чичко и вујко, Македонија – приватна архива

 

Ние, како македонски народ, сме познати по убави песни и балади – за љубовта, трагедијата и најсмешното од сѐ – за пиењето. Песната што ги претставува Папрадиштани ширум светот „Ми се собрале, ваке таке, сите селани“, ги погодува сите, без разлика дали сте директен потомок на предците кои некогаш шетале по тесните патеки и полиња или сте дете родено меѓу селските ѕидини, обвиени со тишината на макотрпната работа и звукот на козите – како што беа дедо ми и баба ми по татко.

Само да можев да ви го покажам свадбеното видео на моите родители, да видевте кога оваа песна се слушна за време на утринските прослави, како сите гости ја пееја прекрасната мелодија како да е наш сопствен одговор на Бисер Балкански. Моите баби и дедовци зборуваат за своите селски денови како едни од најголемите во нивните животи, денови што им подариле  животни лекции кои едноставно не би ги научиле во еден развиен, западен град како Мелбурн.

 

Моите прабаба и баба Тоде и Елена (Лена) Ристовски, родители на Дедо – приватна архива

Мојот дедо Ристе, кого неговите австралиски и небалкански колеги го знаат како Крис, е роден во 1951 година од Тоде и Елена „Лена” Ристовски, средно дете од три деца. Неговиот помлад брат Ордан стана извор на моето име, а сестра ми Јелена го носи името на нашата драга прабаба Лена.

Баба се сеќава на Ристе како на дрско момче, но вреден работник, кој веќе ги стоеше со нозете цврсто на земјата. Тој ја отслужи својата задолжителна воена служба со Југословенската национална армија и помина 13 месеци во Загреб, Хрватска, работејќи на армискиот факултет, што му дозволи да биде во допир со воена опрема и возила.

Откако му заврши воениот рок, неговото знаење и релевантни студии му дозволија да патува низ голем дел од Европа, како Романија, Грција, (тогашна) Чехословачка, Австрија и Германија. Ова ќе му овозможи да научи јазици и светско знаење што ќе ми ги пренесе на мене, 40 чудни години подоцна.

 

Дедо ми Ристе, стара пасошка фотографија – приватна архива

 

Баба ми Даринка, која исто така се одзива на Дара и англиската верзија – Дана, е родена во 1953 година од Борис и Славјанка Стојановски, најмалото дете на петте деца. Кога се појавија нови хоризонти во Австралија, мојата баба беше придружувана од нејзиниот постар брат и сестра, кои исто така започнаа нови почетоци во земјата „таму долу“, оставајќи зад себе уште еден брат и сестра во Македонија.

Баба се сеќава на своето детство како тешка, макотрпна работа, проследена со болки во грбот, кое се насетува на ликот на оваа постарата жена денес. Нејзиниот татко Борис беше многу ценета фигура во нејзиниот живот, и многу од нејзините изреки може да се пронајдат во неговите зборови. Моите баби и дедовци беа во можност да се сретнат во релативно близу затворено и изолирано село во кое сите ги познаваа сите, но како и сите нас Македонците, имаше единствена приказна за нивната свадба.

 

Баба ми Даринка, стара фотографија од пасош – приватна архива

 

Баба Драга, сестрата на мајка ми на Дедо, се загрижи дека расцветаната романса почна да има негативни влијанија врз оценките, особено кога Дедо падна на испит. И двајцата млади беа тргнати настрана со строга порака, а на Баба ѝ беше кажано дека таа е причината што нему не му оди толку добро на училиште. Сепак, нејзината идна свекрва Елена ја смирила и уверила дека нема за што да се грижи и дека е таа вистинската жена за син ѝ.

Од друга страна пак, омилената тетка на мојот Дедо му даде паричка од 50 центи со порака – Ако паднеш на следниот испит, искористи ја паричката да си купиш јаже и обеси се на дрвото!

 

Денот на свадбата на моите баба и дедо. Дедо ми се бричи, Баба Драга и Баба Елена се во бели превези – приватна архива

Тие брутално искрени зборови тешко одекнале кај мојот дедо, па тој се претвори во човекот кој денес го знам дека е, лесно ги поминал следните испити и среќно се ожени со баба ми, додека тој патуваше до црквата на грб на магаре во традиционална Македонска свадбена поворка, а баба ми пешачејќи одеше по невестинскиот пат до црквата Свети Петар! Ако се прашувате како оваа приказна го прави Папрадиште најпатриотското место во Македонија, тоа е навистина едноставно.

 

Моите прабаба и дедо Борис и Славјанка Стојановски, родителите на мојата Баба – приватна архива

 

Одговорот е во приказните. Деталите и легендите кои се пренесуваат од генерација на генерација. Моите баби и дедовци апсолутно го сакаат тоа што јас и до ден денес сè уште сум многу желен да ги слушам нивните приказни, вткаени во стотици години историја.

Тоа ве прави горд на вашите корени, и покрај фактот што сум горд на мојата македонска крв, јас сум уште погорд што истата доаѓа од Папрадиште.

 

Свети Петар и Павле, Папрадиште – фото Сашка Велковска
Везилка Магазин