Сонце, папрат и кенгур

Сонце, Папрат и Кенгур: Мојата последна година во средно училиште

Јас со убав и здрав послужавник со тулумби!
Везилка Магазин

The English version can be found on this link.

 

Одделение десетто: доаѓаме до самиот крај на моето школување. Последните три години всушност. Мислам дека ова беше последната пријатна година пред многу работи да почнат да ми се влошуваат во животот, но, како што милувам да кажам, секогаш можете да најдете пријатни работи и од најпроблематичните години во вашиот живот. Десеттото одделение беше одлична година да го ставам мојот белег во училишниот двор и на нетбол теренот како некој со кого не смееш да се плеткаш.

 

Јас и Светското првенство во рагби лигата во 2017 година

 

Задолжителните предмети по англиски, математика, хуманистички и наука беа поделени на различни нивоа, врз основа на вашето ниво на знаење. „Foundation“ беше основно и за оние кои се мачеа по некој предмет, „Core“ беше за просечно и типично знаење на 15-16 годишно дете по тој предмет, а „Advanced“ беше за паметни деца по тој предмет. Сакав да се предизвикам себеси и да немам етикета на полагање на foundation предмет, па затоа секој предмет го работев на ниво core, освен за хуманистичките науки, каде што студирав на advanced ниво.

 

Јас и легендата на Тигрите од Ричмонд – Френсис Бурк

 

Во 10 одделение повторно ја имав мојата учителка по англиски јазик од осмо, г-цата Такер, која во меѓувреме се омажи и сега беше позната како г-ѓа Хадсон. Ја проучувавме една од најзначајните книги што некогаш сум ги прочитал во мојот живот: „Животинска фарма“ на Џорџ Орвел. Англиски во 10 одделение беше будење на мојот интерес за пишување и верувам дека цврстиот, но правичен став на г-ѓата Хадсон во предавањето на предметот, ми помогна на мојот пат да бидам писателот што сум денес.

 

Јас и одличниот Тревис Клок од Collingwood/Western Bulldogs

 

Математика во 10 одделение беше збунувачки крај на мојата долга борба со математиката, бидејќи имавме повеќе наставници. Нашиот оригинален наставник никогаш не ја презеде својата наставна улога, па дури и неговата оригинална замена не можеше да го земе нашиот клас.

Уште четворица наставници ќе се појават на нашиот час по математика таа година во форма на г-динот Гин, г-цата Пригодиц, г-цата Елчих и г-цата Теј. Можете да утврдите дека имав повеќе наставници таа година врз основа на различниот стил на белешки што ги имам во мојата работна книга. Таа година имавме и многу досадни електронски калкулатори CAS кои требаше да се полнат секоја вечер. Јас никогаш не го полнев мојот, упс!

 

Јас и водителот на вести Клинт Стеневеј. Запознав неколку познати фаци оваа година!

 

Напредните хуманистички науки ги предаваше г-динот Јанг, еден од моите омилени учители на сите времиња. Подоцна ќе станам еден од неговите најсакани студенти, бидејќи тој доста добро го предаваше мојот омилен дел од глобалната историја – 20 век. Се фокусиравме на подемот на Хитлер на власт, Втората светска војна и Движењето за граѓански права од 1960-тите – на Афроамериканците во САД и на домородните Абориџини овде во Австралија.

 

Јас и Јелена во зоолошка градина таа година (2017)

 

Наука предаваше г-цата Блејни, која беше прилично строга, но истовремено и чудна и забавна. Најдосадниот дел од науката беа подготовките што моравме да ги правиме пред часовите, кога ни беа доделувани видеа и белешки за проучување пред секој час. Добивавте казна ако не го сторите ова, и тоа беше доволно за да ве натера да го направите, дури и ако немавте многу желба за истото!

 

Во една од нашите омилени занимации: Игрите во Мелбурн!

 

Моите изборни предмети за таа година беа спорт, фитнес, час по економија/сметководство познат како „Парите се важни“ и час наречен Теории на заговор. Г-динот Калан беше совршен човек за предавање на тој час и нè научи за секакви луди заговори вклучувајќи НЛО, војни, контроверзии околу атентатот на ЏФК и слетувањето на Месечината. Се сеќавам дека го импресионирав кога напишав моќен есеј за граѓанската војна во Грција и за контроверзноста што и денес се чувствува во Егејска Македонија.

 

Прослава на Денот на независноста на Македонија (околу овој период)

 

Во 10 одделение имаше свечена забава, но јас никогаш не присуствував затоа што бев премногу зафатен со грижата околу мајка ми. Повторно, не жалам за ниту еден дел од моето животно патување бидејќи две години подоцна, кога навистина ми требаше еден таков настан, присуствував на уште подобрата свеченост во 12-то одделение.

2017 година ќе биде и моето последен патување за Нов Зеланд, пред работите вистински да се променат засекогаш. Ова беше пријатна увертира во годините што навистина ќе ме тестираат како човечко суштество.

Везилка Магазин

Напишете коментар