Сонце, папрат и кенгур

Сонце, Папрат и Кенгур: Почетокот на моите животни поглавја

Бебето Џордан во тенџере, подготвува бура
Везилка Магазин

The English version can be found here.

 

Замислете го ова: рани часови на 26 март 2002 година во 2 часот по полноќ, мајка ми рипа од кревет. Нејзиниот водењак пукнал и нешто претпладне, во 11:37 часот во старата Кралска женска болница, Јордан Арики Исак Ристовски бил дочекан во светот, или со други зборови, тоа е почетокот на моите животни поглавја.

 

Мојата драга мајка, ме држи како бебе

 

Приказната вели дека татко ми и двете баби биле присутни на пороѓајот. Мојата баба (мајката на тато) била толку возбудена, другите роднини кои се обидувале да стигнат на породувањето ја виделе како вози брзо како луда жена во сообраќајот. Ова доаѓа од жена која покорно и безусловно ги почитува сите правила на патот.

Татко ми, кој во тој момент бил на работа, бил повикан на безбедносната врата во казиното и му било кажано дека неговата сопруга ќе има убаво бебе. Сепак, непланирано се случиле мали компликации при породувањето, бидејќи бев смешно големо бебе. Бев тежок 4,1 килограм и долг 52см, но моите нозе излегле изопачени во погрешна позиција – состојба позната како талипес.

 

Јас и мојот драг татко, во креветот на моите родители. Ретко спиев во креветчето

 

Талипесот веројатно беше првата од многуте борби во мојот живот. Нозете ми ги врзаа со специјални завои само неколку недели по доаѓањето на овој свет, за да се осигураат дека ќе бидат правилно исправени. И, во вистинскиот дух на Јордан, првата битка беше самоуверено добиена.

Ме паметат како тивко и мрзливо бебе, кое никогаш не вознемирувало некого. Не сум одел до мојата 18-месечна возраст, а на мојот прв Божиќ, моите родители најмногу ги иритирало тоа што покрај сите скапи подароци, јас сум бил повеќе заинтересиран да играм со хартијата за завиткување!

 

Бебе Јордан, со специјалните завои

 

Тогаш имав и многу поголем апетит, до толку што родителите решиле да ме стават на цврста храна малку порано од вообичаеното, заради што морале да ја лажат медицинската сестра на педијатрија кога таа сомничаво забележала колку дебело бебе сум!

Друга раскажувана приказна беше за свадба на која сме присуствувале, каде еден од говорите бил смешно долг. Мајка ми ме стискала додека не сум почнал да плачам, што ѝ било изговор да ја напушти просторијата за да не го слуша тој досаден говор!

 

Погледнете колку се буцкасти тие образи!

 

Иако овој дел од мојот живот го знам само прераскажан од други, јас секогаш знам дека од првиот ден бев многу сакан. Секој чичко, тетка, постар роднина и пријател сакал да ме држи како бебе и од најрана возраст секогаш ме бирале за да ме издвојат од другите. Многу значеше да се ​​биде внук на Баба и Дедо, па јас бев смешно разгалуван од двајцата додека моите родители беа на работа.

Моите први играчки биле Тонка камиони и многу други помали играчки кои се чуваа во црвена, сина и жолта торба, бидејќи мајка ми никогаш не дозволуваше физички хаос! И ден денес ги имам тие камиони Тонка…

 

Мојот Дедо Ристе (таткото на тато) како ме држи

 

Моето прво патување со авион беше за Сиднеј, а првото прекуморско патување до Нов Зеланд. Јас сум развил толкава љубов кон земјата, што таа во суштина стана мојот втор дом од детството. Кога сум потпораснал малку, сум се претворил во разговорливо дете кое како лош мирис го следел секој возрасен човек. Мојата возрасна група, во тоа време, а и многу години потоа, воопшто не ми била интересна. Отсекогаш сум ги сакал постарите и тие ме научија на сѐ она што денеска го знам…

 

Родителите на мојата мајка – Нана и Коро, во нивниот стар дом во Нов Зеланд

 

Малото и невино бебе Јордан никако не беше подготвено за она што подоцна ќе му дојде во животот. Но, она што со сигурност можам да го кажам е дека беше доволно среќен, изџвака многу играчки и помина квалитетно време како мал нудист за да се подготви за својата иднина и да стане стара душа, онаква како сите го препознаваат денес.

 

Пораката на почетокот на албумот со фотографии од мене како бебе, напишана од мајка ми и татко ми. Почнувам да плачам секогаш кога ќе ја прочитам
Везилка Магазин