The English version can be found here.
Деветто одделение беше трета година од моето средно образование и беше една од најпредизвикувачките години во мојот живот на социјална скала. Тоа беше врв на млади мажи и жени кои се тепаа за слава во училишниот двор и бараа начин како да се ослободат од секој што ќе им се најде на патот.

Сепак, имав доволно среќа да уживам во низа добри учители. Моја наставничка по англиски беше г-цата Филипс, која ни ги предаваше „The hunger games“, „На глувци и луѓе“ и „Барајќи го Алибранди“. Сакав да ја проучувам секоја книга под нејзино водство, бидејќи таа предаваше со огромна страст на својот клас. Мојата наставничка по математика беше г-цата Шлегел, и иако сѐ уште не бев најдобар ученик по математика, таа направи сѐ што е во нејзина моќ за да се чувствувам што е можно поудобно во нејзиниот клас.

Хуманитарни науки ми предаваше г-цата Фарли, една од најстрасните луѓе на овој предмет што некогаш сум ја сретнал. Постојано ги импресионирав и неа и остатокот од класот со моето знаење. За наука, го имав г-динот Блакис. Да речеме дека доживеавме многу забавни моменти, вклучително и јадење бисквити Scotch Finger за експеримент на вкус и кревање во воздух стари Milo контејнери, за целта….добро погодувате – хемија.

Лична заштита и здравје беше под г-динот Бракнис, и иако јас не бев најголем обожавател на темата таа година, таа на крајот ќе стане моја главна тема и област на интерес за остатокот од средното училиште. Исто така ја имавме и програмата R3, под раководство на г-динот Досор, која беше насочена кон наше подобрување како глобални граѓани. Направивме многу екскурзии по таа тема, особено во градот, каде за жал се изгубив еден ден кога ми се потроши батеријата на телефонот, што беше многу страшно искуство за едно 14-годишно момче!

Моите три изборни предмети таа година беа готвење, драма и италијански. Повторно ја имав прекрасната г-ца Блез, која уште еднаш имаше трпение на светица во справувањето со моите лоши готвачки вештини. Драмата беше под раководство на г-динот Хјуит, и се сеќавам дека настапував во мојата единствена продукција за драмски уметности, внимателно напишано дело од друг студент за климатските промени. Морам да признаам дека сум горд на себе што зедов уште една година за италијански јазик под госпоѓица Монфорте, бидејќи на крајот успеав течно да зборувам.

Додека академскиот аспект на годината беше уживање, социјалниот не беше толку одличен. Беше многу тешко да се вклопиш во општествените рамки кои некогаш потсетуваа на филмот Mean Girls. Сепак, имав среќа што имав доволно издржливост во мене да не го сметам натпреварот за популарност за неопходен дел од мојот живот, па имав најниска толеранција кон секого што ме малтретираше или задеваше.

2016 година, исто така, беше година кога ја започнав мојата нетбол-кариера, а само во мојата прва година бев избран да го претставувам училиштето во машкиот нетбол тим. Иако не одигравме најдобро, па дури и издржавме и „ладен туш“ од тренерката г-цата Шо, сепак стандардно влеговме во следната рунда. Имаше многу стигма против момчињата кои играат спорт за девојки, но повторно одбив да бидам обврзан со смешни општествени стандарди.

Ако има една лекција која можам да ја извлечам од оваа година, тоа е дека беше многу важно да бидам моето автентично Јас. Иако ќе поминат уште неколку години за ова навистина да започне, тоа ќе биде витална компонента на мојот раст како личност и не можев да бидам погорд што моето искуство во експлозивниот училишен двор овозможи оваа восхитувачка особина да расте.