The English version can be found here.
Ен Ландерс еднаш рече Љубовта е пријателство што се запалило. Овој цитат совршено ја опишува романсата на мајка ми и татко ми, Сашо и Елса Ристовски. За нив пишував во минатите текстови, но не до детали до кои ќе одам денеска.
За многумина, љубовта е многу сложена тема која е испреплетена со потешкотии и многу нивоа на посветеност. Сите знаеме по некоја двојка која им пркоси на ваквите пречки – а мојата номинација се моите драги родители.

Моите родители се запознаа на крајот на милениумот во 2000 година на нивното работно место, казиното Краун во Мелбурн, Австралија. Тоа беше типична прва средба како од романтичен филм, во кој двојката се загледува во очи и мисли „Како да ќе станам твој партнер некогаш“. И исто како што ни сервираат холивудските филмови дека таквите луѓе треба да бидат заедно, на крајот татко ми ја замоли мајка ми да излезат.
На нивниот прв состанок, тој ѝ донесе огромното плишана играчка, магарето Ејор од книгите на Вини Пу, бидејќи Ејор беше омилениот лик на мама. Чинеше 200 долари и, до ден денес, сѐ уште седи на нашиот кауч во дневната соба.

Мајка ми и татко ми ги движеа работите прилично брзо, објавувајќи ја веста дека го очекуваат своето прво дете во рок од неколку месеци од првата средба. Наградата за новото дете што доаѓаше беше нивната венчавка, и може да се нарече брзинска свадба, бидејќи имаше многу ограничено време да се подготви. Но, временската рамка не беше важна на крајот, бидејќи на 9 декември 2001 година, моите родители се венчаа во македонската православна црква Свети Никола во Престон, една година откако се запознаа.
Ја нарекувам вистинска љубов затоа што беа подготвени да го поминат остатокот од својот живот само неколку месеци откако се запознаа. На некои парови им се потребни години за да го направат ова, а некои пак одлучуваат и воопшто да не се венчаат.

Својот меден месец го поминаа во пацифичката островска држава Вануату, каде мама славно ги загуби чевлите на плажа. Шегата до денес е дека некои локални жители на Вануату сѐ уште ги носат до ден денес.
Светот ме пречека набрзо потоа, и родителството беше уште еден предизвик во којшто татко ми и мајка ми се бореа заедно за да го воспитаат брилијантниот, талентиран и повремено мрчелив Јордан Ристовски. Кога растев во 2000 -тите, постоеја многу идеи за тоа што е љубов во реалниот живот и на ТВ екраните, но мама и тато секогаш беа искрени и добро ме учеа, без разлика колку бев млад или стар во тоа време.

Нивниот однос беше ставен на тест кога се влоши здравјето на мајка ми, кога научија како ефикасно се управува со секој аспект од вашиот живот кога ќе се соочите со таква реалност. Но, тие успеаја да се држат еден до друг, без разлика колку во моментот беше розево или црно. Постигнаа совршена рамнотежа да ѝ дозволи на мајка ми сама да се соочи со нејзините битки со ракот и да ја поддржи кога навистина ѝ беше потребна поддршката од семејството.
Силата секогаш беше основата на моите родители – во задната спална соба од нивната прва заедничка куќа, кога сѐ уште не можеа да си дозволат греење, тие често се гушкаа за да се стоплат. Помислете на сѐ што може да влијае на еден пар во врска и се обложувам дека моите родители се бореле со сето тоа и го победиле на крај.

Кога станува збор за мојот сопствен романтичен живот, се обидувам да извадам многу заклучоци од книгата на моите родители. Ме научија да бидам господин, да ја опсипувам младата дама со што и да посака и да се однесувам со неа со најголема почит. Секогаш ме предупредуваа дека, без разлика со кого ќе излегувам, дали тоа ќе е професионален супермодел или мојата сосетка десет врати подолу, јас секогаш ќе излегувам и со нејзиното семејство, така што бев предупреден и секогаш внимателно газев.
Интересно беше кога ќе забележев дека многумина во мојата генерација не ги споделуваа моите ставови за оваа тема, но тогаш ќе се присетев дека моите родители се од друга генерација и сѐ добиваше смисла.

Излегувањето сами еднаш месечно беше клучна тајна за среќен брак на моите родители. Навистина не беше важно што прават, дали беше концерт, вечера или некој настан, како венчавка или доделување награди. Тоа беше она што ја одржуваше идејата за романса во животот, истата романса што се јавува кога штотуку ќе запознаете партнер. Како што велеше мајка ми – го одржува бракот свеж и жив, и не се распаѓа во длабока старост.

Ниту еден брак или врска не е совршен, тоа е факт. Човечката природа едноставно не би го дозволила тоа. Но, верувам дека односот на моите родители ѝ дадоа на таа изјава вистински предизвик. Тоа беше средното име на врската на мама и тато, бидејќи тие се соочија со многу предизвици.
Но, за разлика од други, тие никогаш не се криеја еден од друг и не се обидуваа да го најдат најлесниот излез. Тие со секој предизвик се бореа со замислен калашников и панцир. Тоа е истиот став што го применувам и јас, како во секојдневниот живот, така и за пронаоѓање на сопствената жена од соништата еден ден.