Разно

Среќен 21 февруари – Ден на мајчиниот јазик

Везилка Магазин
„Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината.
Како куќа, како дом, како огниште“ – Блаже Конески.
Во 2002 година Генералното Собрание на Обединетите Нации ја донесе резолуцијата со која одлучи 21 февруари да се слави како Меѓународен ден на мајчиниот јазик, со што ја потенцираше важноста и уникатноста на секој јазик кој се зборува на планетата Земја.
Во деценијата посветена на изворните јазици (2022-2032 година) кога под капата на УНЕСКО ќе се зголемуваат напорите за зачувување на зборуваните јазици низ светот, да не заборавиме – јазикот е нашиот дом.
Кај него се враќаме секогаш кога ни е тешко, тој ја претставува основата на сѐ она што сме. Преку јазикот дознаваме кои сме и преку истиот ги кршиме физичките граници.
Честит нека ни е Денот на мајчиниот јазик!
Везилка Магазин