За прв пат, Влад Илич ќе настапува на македонски и ќе има директен онлајн пренос од својот настап во живо во клуб во Лондон!
Влад(ислав) Илиќ, нашиот стенд ап комичар од Куманово, кој веќе 3 години живее во Лондон, на 17 декември во 21 часот по македонско време ќе го има својот прв настап на македонски во клубот “The Cavendish arms” во Лондон и истиот ќе биде паралелно пренесуван и онлајн на веб-страницата на Златен Заб.
Картите за онлајн преносот чинат 60 денари (100 денари на денот на настанот), и истите можат да се купат на следниот линк.
Поголемиот дел од македонската јавност го запозна Владислав кога неговото видео со настапот за BBC TV стана вирален хит на интернет.
Интервјуто со Влад Илич на Везилка е се` уште во подготовка…..ако вака продолжиме, може и документарен филм да снимиме на крај.
Те сакаме Влад и ти благодариме што нѐ смееш и орасположуваш во ова време невреме!