Поместувајќи ги границите за да создадат нешто уникатно, „Тавче Гравче“ се роди како спој на македонските и медитеранските мелодии, традиционални и оригинални, со динамични импровизациски елементи на џез и фламенко, истовремено ненапуштајќи ги експлозивните танцувачки ритми и енергија на балканската музика.
Триото започна како „Турли Тава“ во 2011 година, за во 2012 да стане Тавче Гравче – квартет составен од:
Македонскиот дипломиран кларинетист од Juilliard Васко Дуковски – концертски изведувач посветен на вдишувањето нов живот во музиката на своите корени, кој во моментов живее и работи во Шангај, Кина.

Џез и фламенго гитаристот со потекло од Израел, Dan Nadel, ја обезбедува огнената текстурална и хармонична палета за музиката на групата.
Џез-басистот Daniel Ori, исто така од Израел, е основач на квартетот, а неговиот истакнат звук е неговиот темел.
Satoshi Takeishi е мајсторот перкусионист, кој во групата го вдахнува своето интимно знаење за танц, допир и звук.
Во мај 2014 година, Тавче Гравче го издаде својот деби-албум „Нашето село“ (Our village), инспирирани од идејата дека планетата е наше мало село, алудирајќи на човечката цивилизација, со специјалните гости – признатиот кларинетист Исмаил Лумановски и светски познатиот трубач Frank London.
Групата за кратко време создаде импресивна маршута, настапувајќи на места како City Winery NYC, Drom NYC, The JCC во Менхетен, музичкиот фестивал Sephardic, NY, The Puffin Center, Caramoor Center for Music and Arts, Music Haven Concert Series, Универзитетот Алфред, Пријатели на музика Стемфорд и концерт на главната сцена на годишниот Балкански фестивал Golden Fest во Њујорк.
Вториот албум Sonic Pollination, издаден 2020 година, го слави феминизмот и мултикултуризмот, користејќи го звукот како полен за размена на култури и традиции.
Интервјуто со нашиот маестро Васко Дуковски е во подготовка, во меѓувреме уживајте во неговата оригинална композиција „Турли тава“, изведена на еден од настапите на „Тавче Гравче“ во џез клуб во Њујорк.