ИнтервјуаУспешни бизнис приказни

Тијана Дапчевиќ: „Ја чувствувам љубовта на Македонците насекаде низ светот“

Интервју

Везилка Магазин

Лично и отворено, впрочем со неа не може поинаку.

Тијана Дапчевиќ, пејачка и актерка, уметник кој постојано твори, во време на карантин ни дозволи да влеземе подлабоко во нејзините чувства. Отворајќи се пред себе, се отвори и пред читателите на „Везилка“ препознавајќи ја љубовта и енергијата на сите македонци низ светот.

Како го исполнуваш времето во изолација? Како влијае на тебе состојбата предизвикана од коронавирусот?

По дома, во најубавото ми гнездо, каде што иначе највише сакам да бидам! Господ нека ми прости, ама пред неполни два месеци на глас изговорив „Како нешто не се случи, некој lockdown на светот, се да застане да се одморам малку“, преку глава ми беше од луѓе, работа, константно брзање негде, обврски, трошење енергија на непотребни работи…и така 20 години, така што изолацијата воопшто не ми е тешка, напротив!!

Тијана со синот Вук – приватна архива

Си се дружам и гушкам со моите момци (Милан 48, Вук 11), гледаме филмови, слушаме музика, учиме школо (имаме домашно секој ден) , гледаме театарски претстави, играме игри, пееме, готвиме, џускаме, се она што најмногу ми фалеше да е во константа….еве веќе 23 дена како немам мрднато НИКАДЕ, освен што го шетаме кучето во шумичката која ни е близу нашиот дом, не комуницирам со НИКОГО, и супер ми е хаха Ги почитуваме сите апели од МЗ на Србија, и ако одиме до гранапче или супермаркет строго е со ракавици и маска…

Тијана и Милан – Приватна архива

Како и да е, не ми е сеедно, мама и тато ми се далеку, ми фалат, а и од ранливата категорија се (+70) и не можат да мрднат никаде…Тамара ми фали, децата…ама фала Богу постојат Вибер, Фејсбук, па се гледаме и по 5 пати на ден, ама и сум оптимист дека и ова ќе помине брзо. Апропо вирусов….мислам дека ова е опомена за целото општество, да се свртиме малку кон себеси, најмилите, и да се наостриме со сета сила да ја чуваме планетата во иднина.

 

Иако наметнато, ова е време кога можеме да се посветиме на себеси и да се потсетиме на некои настани од животот. Кој е најтажниот а кој најсреќниот момент на кој се сеќаваш?

 

Сите моменти кои се тажни и кои биле тажни во мојот живот ме научиле да бидам појака. Најтажните моменти се секако загубата на многу драги и блиски пријатели и фамилија со години наназад, а среќните моменти ме направиле да бидам спокојна, стамена, исполнета…..секако најнајнајнајсреќниот момент е кога го родив син ми ❤️ па кога се роди Хана, па Дарен (децата на сестра ми Тамара, љуби их тетка)

Тијана со синот Вук – приватна архива

Секогаш отворена и гласна. Која е неправдата што го вади најдивото од тебе?

 

Ужасно сум осетлива на агресија и злоставување од секој вид!! Најосетлива сум кога се децата во прашање, животните, планетата…многу знам да се налутам и разбеснам, ама сета таа лутина и бес ги канализирам така што им помагам безрезервно на напуштените, злоставуваните, маргинализираните, на оние на кои им е помошта најпотребна, а некогаш па и само топол збор и прегратка се доволни..

 

Кој е најнепристојниот предлог што си го добила?

 

Сцена од снимањето на Преспав

Еј мајката, се утепав од мислење…и дојдов до заклучок дека на 44 години немам ама баш апсолутно никакво искуство на таа тема!

 

Многу пати си кажала дека имаш најмногу трема кога настапуваш пред македонска публика. Како ти е кога настапуваш пред Македонците?

 

Имав трема, немам повеќе….сега знам која сум, од каде сум, и зошто сум таму каде што сум…секогаш кога пеам пред мојот народ сум најсреќна, особено во дијаспората, оти и јас сум на некој начин гастербајтер во дијаспора хаха И ја чувствувам таа силна енергија и љубов од сите Македонци, каде и да пеам.

Тијана и Тамара Копенхаген 2014 Евровизија

Кој ти е најемотивен настап пред дијаспората?

2004 турнеја по Австралија, е тоа НИКОГАШ нема да го заборавам.

 

Имаш прошетано насекаде. Дали ако не ја основаше фамилијата таму, пак би ја избрала Србија за свој дом ?

 

Секако, уште мала кога бев мечтаев дека еден ден ќе живеам во Белград!! Бев фасцинирана од неговата архитектура, спој на неспоиво, а пак модерен и со душа, и често го посетував бидејќи имаме роднини тука. Мада, би се снашла сигурно и во Њујорк и Лондон….ама Белград е некако…дома (а и блиску е до Скопје, 3.5 саати вожња)

 

Последниве неколку години публиката те препознава и како Ула од „Преспав“. Што научи од Германката?

 

Да решавам се за 5 минути хахаха

Секоја животна загатка, проблем, ја решавам на „Улски“ начин (по мое хаха). Шала на страна, ама многу сум им благодарна на ОХО продукција што ми овозможија да го создадам ликот на Ула Бринкман Бузалеска. Како и да е, Ула е моја, јас сум нејзина, и така ќе биде сигурно уште многу сезони, благодарна сум што ја работам работата во која уживам (на СЦЕНА)

Сцена од снимањето на Преспав
Сцена од снимањето на Преспав
Сцена од снимањето на Преспав
Сцена од снимањето на Преспав

Се договоривме дека ќе те носам на опера во Сиднеј кога ќе заврши светскиов lockdown. До тогаш, кој е првото место што ќе го посетиш кога ќе можеме слободно да се движиме?

 

Прво Скопје, да се разбереме!!

Париз, Атина, Лондон, Њујорк па Сиднеј ❤️

п.с. Да сме живи и здрави, тоа е најбитно, и да се чуваме додека не помине оваа чумава, затоа бидете добри и здрави и ОСТАНЕТЕ ДОМА се додека не престане забраната за шетање!

Везилка Магазин