Бесплатната електронска библиотека Македоника.мк беше создадена заради неколку цели, меѓу кои и зачувување и негување на македонското литературно наследство и поврзување на дијаспората и малцинствата со татковината.
Создавање најголема е-библиотека на македонски јазик – Книготека Македоника, каде за
првпат во историјата на едно место ќе се најдат најголем број дела напишани од
македонски автори.
Во Книготека ќе се реобјавуваат дела што се од непроценлива важност за македонската
нација и култура. Се работи за книги што не се (пре)печатени со години и децении,
воопшто не постојат во книжарниците или ги има во ограничен број во библиотеките.
Основана во 2013, оваа интернет-платформа нуди неограничен пристап до македонска литература, каде и да сте во светот. Основач на фондацијата “Македоника” е Зоран Спасов, мигрант во Канада, кој заради соочување со недостиг од македонска литература во странство, решава да ја создаде Македоника и остави бесплатна и достапна за секој Македонец, без разлика каде се наоѓа во светот. Она што е интересно е што австралиските корисници на оваа платформа за македонски книги се на второ место по бројност меѓу сите нејзини членови надвор од Македонија.
Успехот на “Македоника” поттикна создавањето на уште еден проект – првата дигитална книжарница за книги на македонски јазик, апликацијата “Книготека”.
Со понуда од над 1000 бесплатни, електронски книги и над 50,000 членови, Македоника е најголемата, бесплатна, дигитална библиотека на Балканот.
Повеќе инфо на Македоника.мк.