МакедонијаМузика и уметностУметност

Фото-монографија „Македонија од воздух“ на фотографот Наце Попов

GoFundMe проект за собирање средства за објавување на првата фото-монографија за Македонија од горе

Везилка Магазин

Линк за донирање на GoFundMe тука.

 

 

Наце Попов е фотограф, планинар и вљубеник во природата од Скопје, Република Македонија. Со фотографија се занимава повеќе од 30 години, добитник е на голем број награди за фотографија и е горд автор на капитални дела, монографии за природното, културното и историското богатство на нашата земја, Македонија.

 

 

Негови дела се монографиите Чудесна Македонија, Македонски цркви и манастири, Македонски слави, The Soul of Macedonia и последната која е пред издавање – The Beautiful Macedonia. Во моментов работи на неговиот најнов и најголем проект, фото-монографија за убавините на Македонија, фотографирани на уникатен и несекојдневен начин – од птичја перспектива, со дрон.

 

 

Неговата идеја и звезда водилка му е да направи книжевни дела и фото сведоштва за неговата преубава земја, да направи и остави зад себе нешто капитално, дела вредни и непроценливи за нашите идни македонски генерации, деца, внуци, правнуци. Дела и фотографии кои со радост и гордост ќе се гледаат и покажуваат од генерации на генерации, книги кои со гордост ќе стојат во библиотеките и на домашните полици и витрини.

 

 

Неговата најнова монографија на која работи во моментот е со работен наслов Macedonia from the Air и е фото-монографија на преку 370 страни во целосен колор, со преку 300 фотографии, тврд повез, ексклузивен и уникатен дизајн и во првичен тираж од 2000 примероци.

 

 

Ова беше причината позади започнување на овој GoFundMe проект за собирање на потребните средства за објавување на фото-монографија, за која се надеваме дека и македонската дијаспора ќе ја поддржи, како што сме поддржале и многу други проекти до сега.

Линк за донирање на GoFundMe тука.

Наце Попов ви благодари на поддршката!

Везилка Магазин

Напишете коментар