Фичо има прекрасен и лесен рецепт за вас:
Да, да! Добро прочитавте!
Фантастичен чоколаден колач од само три состојки!
Од причина што состојките се едноставни рецептот лесно се памти. Јас ќе ви дадам само совет кој го искусив додека го правев овој колач.
Многу е битно какви колачи ќе користите! Јас користев различни колачи меѓу кои најзастапени беа меките колачи на Жито Лукс – овие колачи се доста влажни па така треба сами да ја наштелувате смесата. Ќе видите на видеото која густина треба да ја добиете, тоа нека ви биде водилка.
Печењето е на 160С околу 20-тина минути (сепак се работи за готови состојки).
*Битно е да добиете густа смеса. Доколку е течна нема добро да се испече.
Дами и господа слободно играјте си со овој рецепт! Бидете креативни!