Меѓународниот ден на семејствата, кој секоја година се слави на 15 мај, ја потенцира важноста на семејствата и неговото славење започна во текот на Меѓународната година на семејствата 1994.
Историја
1994 година беше прогласена за меѓународна година на семејствата од страна на Обединетите нации.
Ова беше одговор на промената на социјалните и економските структури, кои влијаеле и сè уште влијаат врз структурата и стабилноста на семејствата во многу региони во светот. Меѓународниот ден на семејствата е повод да размислиме за целта поради која започна во текот на 1994 година и да ја славиме важноста на семејствата, луѓето, општествата и културите низ целиот свет.
Се одржува секоја година од 1995 година.