Една година Везилка Магазин – кои сме, која е целта на нашето постоење и зошто ќе продолжиме со нашата мисија
Како сѐ започна? Крај на февруари, 2020. Зачеток на пандемија за која сѐ уште не бевме свесни. Јас во Сиднеј, Кате во Скопје, во муабет на месинџер коментираме за некоја смешка во која македонската дијаспора беше (повторно) претставена како недозреана, неинформирана, неизживеана и националистичка. „Знаеш, не сме вакви какви што нѐ прикажуваат“ ѝ реков. „Знам мајка, те гледам...